Манијак сее страв! Да, на социјалните мрежи и во медиумите
Објавено во Рецензии
on 6 - 07 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: ФОТО: Манијак сее страв во скопски Аеродром!]
Овој текст е класичен пример за тоа како новинарите од една обична објава на социјалните мрежи можат да направат сензација, а во случајов и да рашират паника. Она што недостига во текстот се факти и, според тоа, лесно може да се доведе во прашање вистинитоста на објавената информaција.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Манијак сее страв во скопски Аеродром!
Датум и време на објавување: 29.06.2015
Датум на рецензирање: 03.07.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Манијак деновиве „оперира“ низ скопската населба Аеродром. Напаѓа девојчиња кога се сами, а на социјалните мрежи се шират поплаките на две девојки, кои веќе се соочиле со него. Иако едната од девојките вели дека случајот е пријавен во полиција, оттаму нема официјална потврда.“
Уште на самиот почеток од текстот, авторот остава простор за сомнеж во информацијата. Се посочува дека две девојки на „Фејсбук“ ја ширеле оваа информација, но дека за тоа нема никаква официјална потврда од МВР. Прашањето што тука се наметнува е зошто новинарот не се потрудил да добие некакви официјални информации, било да се потврдни или не, и зошто беспотребно шири паника? Нема изјава од МВР, од граѓани, не се контактирани девојките што го објавиле тоа.
Зарем секоја објава на социјалните мрежи треба да се зема здраво за готово и како таква да се пласира на јавноста? Што ако информацијата не е точна? Што треба да помислат родителите на девојчињата, кои, наводно, му биле цел на манијакот, кој може и да не постои? Зарем новинарот не помислил на тоа каква паника може да завладее кај родителите чии ќерки навечер шетаат сами низ населбата Аеродром?
Задача на новинарот е кога ќе дојде до некоја информација, да ја провери од што е можно повеќе извори за да се утврди нејзината веродостојност. Вака пласирана информацијата, има цел само да биде сензационална и да привлече што поголемо внимание и читаност без оглед на вистинитоста.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови

