Малициозна и спинерска намера
Објавено во Рецензии
on 21 - 06 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Шарената револуција до своите членови: Денес не се дрогирајте]
Многу е сериозна, одговорна и, над сè, значајна новинарската професија. Она, автентичното, добронамерно и професионално новинарство. Овие негови димензии се содржани во преамбулата на Кодексот на новинарите:
Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за зајакнување на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.
Но, само во три реченици, од колку што се состои медиумската содржина што ја рецензираме, се прекршени најмалку три одредби од Kодексот. Во само три реченици се саморазоткриваат малициозноста и спинерската намера на оваа објава.
Една добронамерна препорака до сите што сакаат да учествуваат на протест, кој е загарантиран со Уставот на оваа земја, е претворена во содржина и во порака која е полна со политичка пристрасност и, што е уште поважно, со навреда.
Линк до оригиналниот напис: Шарената револуција до своите членови: Денес не се дрогирајте
Датум и време на објавување: 20.06.2016, 16:58
Датум на рецензирање: 21.06.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
НАВРЕДЛИВА ПОРАКА
Прашање на организаторот е што тој смета дека е битно да се советуваат учесниците на еден протест. Особено, кога се очкеуваат илјадници граѓани. Сите тие доаѓаат со свои навики и предубедувања и најдобро е ништо да не се препушти на ризикот.
Новинарите треба да известуваат за подготовките на еден таков настан ако сметаат дека тоа е од интерес за јавноста и ако е во согласност со нивната уредувачка политика. Најпрофесионално е кога овие два услова се истовремено од интерес и истовремено исполнети.
Во друга ситуација, кога пет пари не давате за јавниот интерес, а содржината што се пласира одразува уредувачка политика која е во спротивност на правото на протест, тогаш ви останува новинарска информација која е политички пристрасна, што е во спротивност со член 14 од новинарскиот Кодекс, кој наложува „професионална дистанца од политичките субјекти“.
Кога не се прави тоа, автоматски се крши и членот 10 од истиот кодекс, кој се однесува на позицијата на новинарот во однос на човековите права и слободи:
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
И, конечно, не помалку важна е обврската што за новинарите произлегува од вториот став од членот 15 од Кодексот:
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.
Инаку, ако веќе изгледала оваа порака толку контроверзна, можело да се прашаат организаторите и да се побара толкување. Но, тоа е професионален новинарски исчекор, а оваа содржина, очигледно, имала друга мотивација.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови