Лошата фотографија може да го засени текстот
Објавено во Рецензии
on 9 - 07 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Сведоштво за сообраќајката пред Охрид: Бебето ми умре в раце – помодре и го загуби пулсот]
Овој текст има проблем со фотографијата која е несоодветна. Содржината на написот е коректна и таа нема да биде во фокусот на оваа рецензија.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Сведоштво за сообраќајката пред Охрид: Бебето ми умре в раце – помодре и го загуби пулсот
Датум и време на објавување: 02.07.2015
Датум на рецензирање: 08.07.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
Насловот на овој текст најавува дека станува збор за една трагична случка, односно тој е сведоштво за сообраќајка во која животот го загубиле неколку лица, меѓу кои и едно бебе.
„Охриѓанецот Бобан Наумоски бил сведок на вечерашната трагедија која се случи на патот Охрид – Кичево, а во која според информациите до сега животот го загубија најмалку три лица, од кои едно бебе, едно дете и една жена.“
Во текстот подолу, посочениот Бобан Наумовски раскажува една потресна приказна, за тоа како бебето изгубило воздух, помодрело и му починало в раце. Она што уште повеќе вознемирува кај овој текст е објавената фотографија. На неа, лицето е насмеано од уво до уво, како да раскажува некој виц или, пак, некоја интересна и смешна случка, а не дека бебе му починало в раце.
Фотографијата е несоодветна на содржината на текстот и новинарот требало да обрне внимание на неа. Не може во еден текст со драматична и трагична содржина да се става ваква фотографија.
И фотографијата, не само содржината, го прави текстот целосен и таа треба да биде прилагодена на веста. Инаку, текстот е коректен и во него се запазени основните новинарски стандарди и правила. Посочен е и линк до оригиналната вест.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови