Лоша и непрофесионална копија со коментари
Објавено во Рецензии
on 20 - 01 - 2017 Автор: Fatlume Dervishi
Напис: Паника во ДУИ, Груевски уште не ги кани на преговори, се разболуваат неколку функционери?!
ДУИ сè уште е во исчекување на поканата од Груевски за да се почнат преговорите за формирање на новата влада. Претставниците од партијата на Али Ахмети очекуваат преговорите да почнат до крајот на неделава. Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој пред девет дена го доби мандатот од претседателот на државата, сè уште официјално не поканил на преговори ниту една партија. Ова задоцнување предизвикало вистинска паника во партијата на Ахмети, која се изјаснува како албанска политичка партија, но која сè додека е на власт, реализира проекти исклучиво за Македонците, пренесува весникот „Лајм“.
„Реално треба да биде спротивното, односно ВМРО треба да се плаши од ДУИ, а не ДУИ од ВМРО, бидејќи без ДУИ, ВМРО не може да направи парламентарно мнозинство. Меѓутоа, пораката на Груевски „знае ДУИ“, предизвика голема загриженост во нашата партија, почнувајќи од претседателот Али Ахмети“, вели еден внатрепартиски извор од ДУИ, кој додава дека оваа порака на Груевски создала и здравствени проблеми кај два-тројца членови на партиското раководство, кои завршиле со инфузии.
Најверојатно, Груевски ќе чека до последниот момент за да ги почне преговорите.
Од седиштето на ДУИ објаснуваат дека Ахмети во моментов одржува широки консултации не само во партијата, туку и со меѓународниот фактор за потребата за што поскоро формирање на владата.
Од оваа партија повторуваат дека не се откажуваат од барањето за целосно официјализирање на албанскиот јазик и за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.
Поради одолжувањето на почнувањето на преговорите, аналитичарите почнаа да зборуваат за можно сценарио меѓу двајцата поранешни партнери за да ја одведат земјата кон нови избори.
Но, официјално и двете партии ги демантираат овие гласини. Во меѓувреме, останува нејасно како ќе се одвиваат настаните доколку Груевски не успее до одредениот законски рок да ги обезбеди потребните гласови во Собранието за новата влада. Исто така, не се појаснува дали претседателот ќе го мандатира лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ако лидерот на ВМРО не може да се договори со ДУИ за новиот кабинет.
„Алсат“ дознава дека за да помогнат во процесот на формирање на новата влада, досега покажале интерес неколку западни земји. Во тие рамки, германското министерство за надворешни работи планира да го испрати специјалниот претставник за Балканот, Кристијан Хелбах, но поради непознати причини неговата посета е откажана.
Од друга страна, по доделувањето на мандатот на Груевски, партијата на Зоран Заев била многу тивка околу можноста за формирање на новата влада заедно со албанските партии.
[Рецензија:„Паника во ДУИ, Груевски уште не ги кани на преговори, се разболуваат неколку функционери?!“]
Доколку го тргнеме насловот, текстот, главно, е вест составена со копирање делови од информации пренесени од други медиуми. Дел од нив се во рамките на професионалните стандарди. Но, освен тенденциозниот наслов што ја преувеличува ситуацијата, во неговата внатрешност има еден дел кој е спорен поради неколку причини, а најмногу поради отсуството на факти.
Линк до оригиналниот напис: Паника во ДУИ, Груевски уште не ги кани на преговори, се разболуваат неколку функционери?!
Датум и време на објавување: 17.01.2017
Датум на рецензирање: 17.01.2017
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Во продолжение ви го прикажуваме тој дел од текстот каде што јасно може да се види и коментаторскиот пристап што авторот му го дал на текстот, вклучувајќи го тука и насловот:
„Ова задоцнување предизвикало вистинска паника во партијата на Ахмети, која се изјаснува како албанска политичка партија, но која сè додека е на власт, реализира проекти исклучиво за Македонците, пренесува весникот „Лајм“.
„Реално треба да биде спротивното, односно ВМРО треба да се плаши од ДУИ, а не ДУИ од ВМРО, бидејќи без ДУИ, ВМРО не може да направи парламентарно мнозинство. Меѓутоа, пораката на Груевски „знае ДУИ“, предизвика голема загриженост во нашата партија, почнувајќи од претседателот Али Ахмети“, вели еден внатрепартиски извор од ДУИ, кој додава дека оваа порака на Груевски создала и здравствени проблеми кај два-тројца членови на партиското раководство, кои завршиле со инфузии“.
Тврдењето дека немањето покана од страна на Груевски предизвикало здравствени проблеми кај неколку членови од раководството на ДУИ, сакајќи на ироничен начин да покаже колку е важна власта за нив, се гледа дека е направено тенденциозно.
Колку што е иронично, од професионален аспект ова тврдење е и неетичко, бидејќи во содржината нема ниедна индикација дека се направил некој чекор за да се потврди тоа што е напишано, имаме анонимен внатрепартиски извор, не се откриени имиња на членовите на раководството што се „разболеле“ (нешто што требаше да се направи доколку имаше доволно факти за вистинитост), за потоа и тие да бидат лично контактирани.
Сè додека не е направено ова, прекршени се неколку правила од Прирачникот за етика во новинарството кои предвидуваат дека:
- Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од колку што е можно повеќе извори, најмалку од два независни извори.
- Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“, односно да им даде можност на двете засегнати страни од новинарскиот производ да го изразат своето мислење. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот изнесува сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика.
- Изворот на информацијата, според правило треба да биде идентификуван, освен кога тоа може да влијае врз неговата безбедност или безбедноста на трети лица.
- Погрешното лоцирање или измислувањето на изворите за да се пренесуваат неточни, половични и информации недокажани колку што треба, се третира како тежок прекршок на професионалните стандарди.
Не треба да се заборави и прекршувањето на авторското право. На пример, телевизијата „Aлсат“ е спомната еднаш во текстот само затоа што така било и во делот кој е преземен од оригиналната содржина, но тој што го копирал текстот не го цитирал ниту еднаш како што треба медиумот кому му припаѓа оригиналот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови