verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лош обид за спинување во полза на власта и за дискредитирање на опозицијата

on 14 - 06 - 2016       

Dnevnik za SDSM

 

[Рецензија: Заев му наложи на Уставниот суд да не го оспорува специјалното обвинителство]

 

Во коректното новинарство текстовите не би смееле да бидат полувистина и полушпекулација, а за она што категорички се тврди, треба да се посочи извор. Во овој случај е пренесена „комплетна атмосфера од состанокот на централниот одбор на СДСМ, заедно со некои заклучоци и констатации“, а не е посочен никаков извор на тие информации, што ја доведува во сомнеж вистинитоста на напишаното. Но, и тоа не е единствениот проблем во текстот.

 

FireShot Capture 16 - Заев му наложи на Уставниот суд да не гоЛинк до оригиналниот напис: Заев му наложи на Уставниот суд да не го оспорува специјалното обвинителство

Датум и време на објавување: 07.06.2016  22:05

Датум на рецензирање: 08.06.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ЅИРКАЊЕ НИЗ КЛУЧАЛКА?
Пренесена е комплетна атмосфера од седницата на централниот одбор на СДСМ, делови од дискусијата и сериозни констатации и заклучоци кои можат комплетно да ја збунат јавноста. Како да веруваме дека е тоа вистина, кога седниците на централниот одбор на партијата се, во принцип, работни и затворени за јавност. Повикување на „наши извори“ е како да се тврди дека е ѕиркано низ клучалка. Затоа, ако има некој веродостоен извор, тој требало точно да се посочи.

„Што се однесува до атмосферата за време на Централниот одбор во понеделникот, присутни биле повеќе претседатели на општински организации  на партијата и луѓе што важат блиски до Заев, а многу помалку од членовите на ЦО, меѓу кои има голем број луѓе што не се согласуват со контрадикторните чекори на лидерот“.

Важните детали од политичките случувања треба да се паметат или да се бележат, за да не се згреши кога се пишува напис. Имено, објавено е дека:

„Тој беше единствениот од лидерската четворка кој остро се спротивставуваше, потпомогнат од притисоците на меѓународната заедница, изборите да не се одржат  ниту на 24 април, ниту на 5 јуни“.

Но, тоа не е точно – јавноста знае и памети дека и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, исто беше против избори.

 

СКРИЕНО ПОД ПРЕВЕЗ
Под превезот на конференцијата за печат како влез, е протнат цел еден коментаторски текст во  кој се шпекулира и спинува во полза на владејачката партија и се прави обид да се дискредитира СДСМ. Се пласират тези за неединство и за фракции во опозицијата и за несложување со политиката што ја води и ја застапува лидерот на партијата. Истовремено се прави обид да се врати имиџот на владејачката партија, кој по серијата протести на „Шарената револуција“ е сериозно еродиран, и таа да се претстави како најконструктивниот дел од политичкото милје.

Без приложување факти како поткрепа, во текстов е пласирана шпекулација дека целиот развој на настаните во државата последните денови, всушност, бил сценарио договорено помеѓу четирите политички партии.

Се оперира дури и со имиња кои „го договориле“ тоа сценарио, а според написов на седницата ги соопштил лично Заев (Шекеринска, Тодоров, Алиу и Груби).  Со сугестивни реченици се прави обид за уривање на кредибилитетот на СДСМ и се прави обид да се влијае на јавното мислење дека разврската на кризата во овој миг зависи единствено од СДСМ, кој треба да покаже дека е сериозно заинтересиран за избори и тоа навистина го посакува. Владејачката партија се перцепира како единствен стабилен и неприкосновен политички авторитет во државата.

Во овој текст прекршен е членот 1 од Кодексот на новинарите на Македонија:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Но, прекршен е и членот 14.

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

нерелевантни,

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови