verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лош наслов, тенденциозност и во содржината

on 1 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 4 - Ahmeti spastrime në parti, goditen “Më_ - http___ina-online.net_ahmeti-spastr

 

Напис: Чистки на Ахмети во партијата, на мета „Учителот“, „Ќимо“ и „Вечниот министер“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има цел да направи чистка во раководството и во највисоките партиски органи пред предвремените избори. Партиски извори велат за ИНА дека меѓу разрешените ќе бидат функционерите ветерани што последниве години држеле високи партиски позиции и преку нив придобиле и владини функции. Меѓу нив се спомнуваат и Рафис Алити, Абдилаќим Адеми, Садула Дураку, Фатмир Бесими што е познат како „вечниот министер“, но и други локални шефови што биле несменети во партијата.

„Се очекува да се случат промени за да се освежи партијата и, секако, ќе си одат тие што досега биле дел од  ДУИ и имале високи позиции. Сега е редот на младите“, нагласи за ИНА, еден партиски извор. Во рамки на промените ќе биде и изборниот штаб, а под прашалник ќе биде и Беким Незири, како шеф на штабот. Во меѓувреме, од оваа партија не даваат до знаење официјално дали ќе има нови партиски избори или промените ќе се направат од страна на Ахмети, користејќи го неговото ексклузивно право како партиски лидер преку советот на мудрите. (ИНА)

 

 

[Рецензија: Чистки на Ахмети во партијата, на мета „Учителот“ „Ќимо“ и „Вечниот министер“]

Насловот секогаш треба да информира за содржината на текстот, но да не биде надвор од професионалните стандарди. Наслови како овој што го рецензираме, заедно со неговиот текст, може да имаат другите новински категории – коментари, сатири, но никогаш во категоријата на вести.

Текстот изгледа имал цел со еден камен да удри три птици, но, за жал, ги удрил новинарските начела и ги прекршил етичките правила на професијата.

Вреди да се нагласи фактот дека насловите, колку и да се пократки и поинформативни, може да го будат интересот на јавноста и на друг начин, употребувајќи креативност во рамките на стандардите. Во овој случај, за некого би бил во ред насловот како: „Ахмети уште еднаш со реформи во партијата!“, или за некој друг „Ахмети повторно ја реформира партијата“… Но, ова не би било доволно, сè додека по еден професионален наслов како овој, следува еден непрофесионален текст и со многу грешки и пропусти.

„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има цел да направи чистка во раководството и во највисоките партиски органи, пред предвремените избори. Партиски извори велат за ИНА дека меѓу разрешените ќе бидат функционерите ветерани што последниве години држеле високи партиски позиции и преку нив придобиле и владини функции. Меѓу нив се спомнуваат и Рафис Алити, Абдилаќим Адеми, Садула Дураку, Фатмир Бесими што е познат како „вечниот министер“, но и други локални шефови што биле несменети во партијата“.

 

Ahmeti spastrime në parti screenshotЛинк до оригиналниот напис: Чистки на Ахмети во партијата, на мета „Учителот“, „Ќимо“ и „Вечниот министер“

Датум и време на објавување: 25.08.2016

Датум на рецензирање: 26.08.2016

Рецензент: Адриан Керими

Повикувањето на анонимност не е проблем, независно од тоа дека тешко е да се одреди вистинитоста  на изјавата подолу. Сепак, професионалната практика дозволува новинарот да употреби еден извор зачувувајќи му ја анонимноста, сè додека тоа го бара самиот извор. Меѓутоа, фактот што во текстот, од сите спомнати лица, функционери, поранешни министри и пратеници, не е побаран став за да се коментираат овие гласини, го прави написот едностран, а новинарот тенденциозен. Не треба да се заборави фактот дека другата страна е исто толку потребна колку страната со која новинарот ја почнува веста.

„Се очекува да се случат промени за да се освежи партијата и секако ќе си одат тие што досега биле дел од  ДУИ и имале високи позиции. Сега е редот на младите, нагласи за ИНА еден партиски извор. Во рамки на промените ќе биде и изборниот штаб, а под прашалник ќе биде Беким Незири, како шеф на штабот“.

Сериозните медиумите обично функционираат во тој дух што за еден проблем или непотврдени гласини околу еден проблем на партијата на власт, земаат и некој став од аналитичарите или познавачите на случувањата во партијата на власт. Во конкретниот случај, недостига такво нешто или, поинаку кажано, на професионалниот јазик, трет извор кој ги балансира обвиненијата и не дозволува новинарот да прави дисбаланс за едната или другата страна.

„Во меѓувреме, од оваа партија не даваат до знаење официјално дали ќе има нови партиски избори или промените ќе се направат од страна на Ахмети, користејќи го неговото ексклузивно право како партиски лидер преку советот на мудрите“.

Сме кажале многупати, но изгледа треба да повториме уште еднаш: еден добар текст завршува со една добра заднина. Во овој случај немаме една заднина која би нè потсетила на поранешните настани во овој контекст во партијата на власт, правејќи ретроспектива за промените во кадровските политики на ДУИ последниве години, вклучувајќи ја последната во именувањето на министри непознати за широката јавност.

И да не се заборави, текстот завршува нелогично! Таму се вели дека од албанската партија на власт не ги коментираат гласините дека ќе има нови партиски избори, додека авторот ниту вели, а ниту докажува дали побарал таков став од партијата на власт! Токму од насловот и од содржината, вклучувајќи го последниот пасус, се докажува тенденциозниот пристап кон ова прашање во овој текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови