Лош наслов и утната фотографија
Објавено во Рецензии
on 12 - 10 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ШОК, ТРАУМА И КОНТУЗИЈА ОД БРИСЕЛ ЗА ФАМИЛИЈАТА НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ : Во најновиот извештај за Македонија, ЕК ќе бара и специјално судско одделение]
Овој материјал е врамен со лош наслов. Предолгата насловна конструкција натежнува од медицински термини, што прифатливи, што смешни. Исто како и приложената фотографија, која некако тера на смеење – да се зборува за извештајот на Европската комисија, а да се илустрира со зградата на Европскиот парламент.
Линк до оригиналниот напис: ШОК, ТРАУМА И КОНТУЗИЈА ОД БРИСЕЛ ЗА ФАМИЛИЈАТА НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ : Во најновиот извештај за Македонија, ЕК ќе бара и специјално судско одделение
Датум и време на објавување: 08.10.2106
Датум на рецензирање: 11.10.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
НОКАУТИРАН НАСЛОВ
контузија
мн. контузии
Вид збор: Именка, женски род
Повреда на телото предизвикана од триење или од удар со тап предмет, при пад или од силен притисок на воздух.
Англиски: contusion
Употреба: Медицина (Дигитален речник на македонскиот јазик)
Мислам дека е јасно на што целиме. Некој како да се „занел“ во медицинската терминологија, па покрај шокот и траумата за фамилијата на власт, поради наводното барање на Брисел за специјално судско одделение, во насловната конструкција се нашла и една контузија. Пример за несоодветна употреба на збор таму каде што не му е место.
Другиот дел од материјалот е коректен, станува збор за преземен напис, но тоа е јасно наведено. Проблематична е фотографијата бидејќи не соодветствува на содржината во која се зборува за Европската комисија, а не за Европскиот парламент, кој е приложен како фото-илустрација. Сепак, главната забелешка е за насловот за кој и самиот читател, кој го предложи текстот за рецензија, вели: „Си го прочитав цело, за секој случај, да видам, може стварно има некој со контузија…“
Контузија, сепак, не успеавме да дијагностицираме… Ама утврдивме дека насловот сам себеси се нокаутира.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
промашена
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови