verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Личности за отстрел

on 27 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

08252015-Kurir-Borjan-crop-resize

[Рецензија: Борјан од грчка плажа со навреди за Егејците]

 

Пред нас е уште еден од оние неброени текстови кои служат за да се гонат, денунцираат, да се клеветат луѓе поради искажан став. Хушкачките текстови против таквите луѓе се еден од најупотребуваните „медиумски“ формати на анонимни „новинари“ и на псевдомедиуми, а некои од тие луѓе на нивните листи за „отворен отстрел“. Преку цела сезона.

На таа листа се новинарот Борјан Јовановски и професорката и експертка за човекови права д-р Мирјана Најчевска.

Нивните изјави во јавноста, ставовите искажани на социјалните мрежи, редовно се дочекуваат на „нож“. Така е и овојпат, во оваа медиумска содржина.

Она што станува очигледно е дека воопшто не се одмерува искажаното. Не се вреднува дали навистина има аргументи, дали нивното мислењето нарушува некакви морални принципи, дали навистина е навредувачко…

Освен тоа, какво да биде некое мислење кое треба да сврти внимание на некои прашања или појави? Се разбира, никој не може да им го одреди на луѓето степенот на провокација заради тоа на некои, самоповикани политичко-едиумски „моралисти“ да им се допаѓаат некои личности и(ли) нивните мислења.

Но, бидејќи тие се нарекуваат медиуми, затоа ќе бидат ставени под лупата што ги мери нивните професионални стандарди и етички правила во новинарската професија.

08252015-Kurir-BorjanЛинк до оригиналниот напис: Борјан од грчка плажа со навреди за Егејците

Датум и време на објавување: 22.08.2015, 17:10

Датум на рецензирање: 27.08.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Што е спорно во тоа да се повлече паралела меѓу судбината на бегалците од Егејска Македонија и бегалците од Сирија, Авганистан…? Зошто некому би му пречело потсетувањето дека Република Македонија веќе го има доживеано бегалскиот егзодус и дека, следствено на тие искуства, од народот и од властите во Македонија се очекува малку поголоемо разбирање за судбината на бегалците што ова лето на патот на својата голгота ја поминуваат и нашата земја, но со многу проблеми?

Изнесените мислења се лични. Објавени на нивните лични профили на „Фејсбук“. Со оглед на тоа дека станува збор за проминентни личности, нормално е да предизвикаат медиумско внимание. Но, тоа медиумско внимание, во овој случај, во случајот на текстот што го рецензираме, е хушкачки напад врз личности. Нема соочување со мислењата со аргументи, туку се наведени небитни детали од кои се изведува политичката разлика со оние за кои се пишува и врз основа на таа разлика се организира напад.

Членовите 10 и 16 од Кодексот на новинарите, во однос на овие аспекти, сугерираат нешто сосема друго како дел од високите професионални стандарди:

Член 10.

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

 

Член 16.

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Текстот што го рецензираме е далеку од овие стандарди и препораки. Тој како да го афирмира она мислење кое тврди дека идеалот на тоталитарните режими се луѓе без став.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови