Личните статуси на „Фејсбук“ на функционерите не се официјални ставови на институциите!
Објавено во Рецензии
on 4 - 08 - 2016 Автор: Adrian KerimiНапис: Нухиу: Спремни сме да соработуваме со Народниот правобранител за можните малтретирања врз кумановската група
Заменик-министерот на полицијата, Агим Нухиу, ги искоментирал последните жалби за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Според него, мора да владее правото и тој не ја исклучува можноста некој припадник на МВР да ги пречекорил надлежностите.
Според заменик-министерот Нухиу, припадниците на МВР го обезбедуваат транспортот на обвинетите од затворот до судницата, при што овој транспорт и се снима. Поради ова и поради сите жалби, заменик-министерот на полицијата Агим Нухиу изразил целосна готовност да соработува со Народниот правобранител и со другите државни институции.
Следува неговата целосна објава на „Фејсбук“:
За пошироката јавност, по не знам кој пат, го повторувам мојот став во врска со жалбите за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Ние го поддржуваме силно колку концептот за безбедноста во земјава, толку и концептот за човечко достоинство. Не може да се нападнат прекршувачите на законот со нивна деградација, туку со соодветни институционални мерки, како што и не се чува безбедноста на земјата со загрозување на човековите права, туку со законски оперативни дејства. Функционирањето на правната држава и владеењето на правото е еден голем предизвик. Се чувствуваме добро поради фактот што има вработени во МВР што немаат никакви предрасуди и стереотипи, со кои го делиме овој предизвик. Меѓутоа, не можеме да сме сигурни дека нема припадници на МВР што во одредени моменти може и да ги пречекорат своите надлежности или да дејствуваат надвор од професионалните стадарди. Во таквите случаи нема друго решение освен одговорност на сите тие што ги прекршуваат професионалните правила и стандарди при вршење на работните задачи. Припадниците на МВР го обезбедуваат транспортот на обвинетите од затворот до судот. Од МВР се ангажираат и припадници Албанци за обезбедување на транспортот. Чуварите на затворот и судската полиција не се во надлежност на МВР! Сега веќе овој транспорт и се снима! Ние имаме целосна подготвеност да соработуваме со Народниот правобранител, со Обвинителството и со другите алки на системот, за правото да биде објективно и транспарентно.
[Рецензија: Нухиу: Спремни сме да соработуваме со Народниот правобранител за можните малтретирања врз кумановската група]
Немајќи еден официјален и поопширен став за конкретното прашање, редакцијата го објавила текстот што го рецензираме. Дел од вината за ова (можеби по грешка) може да се најде во неа, бидејќи во текстот не се вели дали за овој став имало обид да се земе некоја официјална потврда.
Има многу случаи кога медиумите како основa за вест пренесуваат ставови од страните вклучени во текстот, преземајќи ги од социјалните мрежи. Но, проблемот стои во фактот што конкретниот став не е упатен до јавноста како став на институцијата, туку како приватен став.
Текстот што го рецензираме е од јавен интерес и имајќи го предвид фактот дека Нухиу немал подетален официјален став за овој случај, редакцијата со право ја зела како негов јавен став неговата објава на социјалната мрежа „Фејсбук“. Но, ова не е доволно за една сеопфатна вест.
„Заменик-министерот на полицијата, Агим Нухиу, ги искоментирал последните жалби за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Според него, мора да владее правото и не ја исклучува можноста некој припадник на МВР да ги пречекорил надлежностите“.
Линк до оригиналниот напис: „Нухиу: Спремни сме да соработуваме со Народниот правобранител за можните малтретирања врз кумановската група”
Датум и време на објавување: 29.07.2016; 10:51
Датум на рецензирање: 30.07.2016
Рецензент: Адриан Керими
Во многу случаи, социјалните мрежи се користат како механизам (со цел) за да се избегнат прашањата од новинарите. Ова не значи дека новинарите не треба да продолжат да бидат упорни во својата работа. Врз основа на Етичкиот кодекс на новинарите, тие дури се обврзани да ги користат сите професионални начини за да стигнат до најрелевантен став. Можноста да се постават прашања е најсилното оружје на секој новинар.
„За пошироката јавност, по не знам кој пат, го повторувам мојот став во врска со жалбите за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Ние го поддржуваме силно колку концептот за безбедноста во земјава, толку и концептот за човечко достоинство. Не може да се нападнат прекршувачите на законот со нивна деградација, туку со соодветни институционални мерки, како што и не се чува безбедноста на земјата со загрозување на човечките права, туку со законски оперативни дејства. Функционирањето на правната држава и владеењето на правото се еден голем предизвик“.
Гледано од професионален аспект, за оваа вест да биде сеопфатна, требало да има и подетални информации за малтретирањето на кумановската група, како и потсетување за ставовите и за недостатигот од ставови во врска со малтретирањата од МВР. Се разбира, во овој план ги нема и ставовите од другите засегнати или надлежни страни во овој проблем – Народниот правобранител, како и семејствата на обвинетите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови

