verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лесно е да се напаѓа без да се праша втората страна

on 3 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Ременски закочи уште еден проект на МТ_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_r 11

[Ременски закочи уште еден проект на МТСП]

Ова е еден несеопфатен и едностран текст, кој има цел да ја дискредитира министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Во написот нема евидентирани извори, што веднаш ја става под прашалник неговата вистинитост.

Ременски закочи уште еден проект на МТСП Kurir.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Ременски закочи уште еден проект на МТСП

Датум и време на објавување: 01.02.2015 

Датум на рецензирање: 02.02.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

 

КРИТИЗЕРСКО ЧЕТИВО

Метријалот што го рецензираме на самиот почеток ја критикува министерката Ременски дека закочила веќе постоечки проект на ресорното министерство.

„Уште еден проект на министерството за труд и социјална политика е оневозможен од техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски од СДСМ…

Министерството за труд и социјална политика преку ангажирана компанија за достава го организираше бесплатно подигањето на покуќнината од домот на донаторот и пренесувањето до домот на лицето, семејство во социјален ризик кое има потреба од донација. За оваа цел министерството имало склучено договор со фирма за транспорт со важење до 29.12.2015 година.“

Меѓутоа, оваа критизерско четиво не нуди факти за искажаните тврдења ниту, пак, евидентира користени извори, што ја доведува во прашање нејзината вистинитост. Не е презентиран никаков документ што би го потврдил она што е напишано, дека последниот договор со фирма за транспорт имал важност до 29 декември 2015 година.

Ваквото тврдење, освен со документ, можело да се потврди и со изјави од засегнати страни, односно од лица вклучени во проектот. Но, во текстот го нема ниту тоа.

Дoполнително, во написот се посочува дека Ременски го сторила тоа од „неразбирливи причини“. А причините ќе бидат неразбирливи кога за тоа не е побаран став од засегнатата страна, во случајов од Ременски.

Но, втората страна воопшто и не била планирана. Текстот остава впечаток дека е наменски правен за да ја нападне министерката, без притоа да понуди соодветна аргументација. Со ваквиот начин на обработка и на пласирање на информациите се нарушени повеќе одредби од Кодексот на новинари , меѓу кои и првиот член, во кој јасно се наведува дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови