verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лесно е да се манипулира кога нема втора страна

on 15 - 02 - 2016       

http___press24.mk_video-sdsm-prodo 11

 

[ВИДЕО: СДСМ продолжува со сценариото за креирање на инциденти во Собранието на Република Македонија]

 

 

Ова е еден спинерски и коментаторски текст кој има цел да ја претстави опозицијата во негативно светло. Пишуван во тој тон, написот креира слика дека СДСМ ги опструира проектите на Владата.

ВИДЕО СДСМ продолжува со сценариото за креирање на инциденти во Собранието на Република Македонија Press24Линк на оригиналниот напис: ВИДЕО: СДСМ продолжува со сценариото за креирање на инциденти во Собранието на Република Македонија

Датум и време на објавување: 10.02.2016, 22: 29

Датум на рецензирање: 14.02.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НАФРЛЕНИ СОМНЕЖИ, ПРЕТСТАВЕНИ КАКО ФАКТИ

Самиот наслов, како и почетокот од текстот, го наведуваат читателот на тоа дека социјалдемократите креирале инциденти во Собранието за да го попречат донесувањето на законот за формирање нов универзитет во Скопје.

.„.. поради што пратениците од СДСМ, како во изминативе неколку дена, така и вечерва, на секаков можен начин односно преку предизвикување на инциденти, тензии и физички контатк помеѓу пратениците, имаат за цел да го блокираат донесувањето на овој многу важен закон кој ќе значи основање на нов универзитет за национална одбрана, безбедност и мир и кој понатаму ќе треба да продуцира стучен и обучен кадар.“

Вака пренесена атмосферата од седницата на собраниската комисија, во јавноста создава сосема погрешна перцепција за тоа што се случувало во текот на расправата на ова собраниско тело. Треба да се има предвид дека во текстот никаде го нема ставот на опозицијата, па читетелите не можат да разберат зошто пратениците се однесувале така и зошто се противат на предлогот на Владата.

Професионално новинарски е кога некој се напаѓа за нешто, да се побара став од него, а не само еднострано да се пренесуваат информациите.

Но, спинот не застанува тука.

„Очигледно, нервозата кај СДСМ, како се доближува датумот на избори, се повеќе расте и не може да се контролира. Веројатно, на ова влијаеле и денешните резултати од анкетата на Институтот Брима Галуп чии предвидувања се дека СДСМ и на овие предвремени избори убедливо ќе загуби.“

Однесувањето на опозицијата се поврзува со резултати од некоја анкета, ама во текстот не е посочен линк од истражувањето ниту, пак, е посочено конкретно какви биле резултатите.

Она што е нејасно е каква врска има противењето на опозицијата за предлогот на Владата да се формира нов универзитет со предвемените избори? Очигледно, никаква. Идејата е да се прикажат социјалдемократите како лоши, наспроти  добрата работлива Влада, која нуди одлични проекти за граѓаните.

И конечно, кој тврди дека опозицијата ќе изгуби на изборите? Во еден новинарски напис не треба да има предвидувања, бидејќи тие не се докази и како такви не можат да бидат потврда за нешто.

„Сепак, само присебноста, смиреноста и професионалноста на пратениците од мнозинството и овој пат не дозволи посакуваното сценарио за СДСМ да се реализира како внатре во Собранието, така и надвор од него.“

На какво сценарио се мисли во текстот? Тука имаме нафрлување сомнежи, а не факти. Се наведува читателот на нешто за што нема потврда од засегнатата страна – опозицијата.

Поради сето ова, слободно може да се каже дека на публиката ѝ е понуден  едностран, манипулативен текст кој ја извитоперува вистината, прикажувајќи ја сликата само од аголот на власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови