Лекција по спинување наместо по новинарство
Објавено во Рецензии
on 23 - 06 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: СДСМ бара судовите да судат како што диктира Заев]
„Спин е форма на пропаганда што се постигнува преку пласирање пристрасна интерпретација на настан или кампања за да се убеди јавнста за или против одредена организација или личност“.
Многу убаво кажано, како по мерка правено за конкретниот текст. Тој дури и би можел да биде прифатен како делумно стандардизиран, но само доколку било нагласено дека станува збор за коментар или анализа. Вака, сместен во рубриката „Македонија“, измешан со вестите, не е ништо друго туку една вистинска лекција за спинување.
Линк до оригиналниот напис: СДСМ бара судовите да судат како што диктира Заев
Датум и време на објавување: 11.06.2016/ 17:30 h
Датум на рецензирање: 12.06.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
СПИН ВО НЕКОЛКУ ЧЕКОРИ
Во текстот што е предмет на оваа рецензија се забележува спин во неколку чекори. Првиот почнува уште во самиот наслов.
Чекор 1:
„СДСМ бара судовите да судат како што диктира Заев“
А, портпаролот на СДСМ изјави:
„Приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО. Само така ќе се обезбеди непречена работа на единствената независна институција која вистински се бори против криминалот и корупцијата“ – Петре Шилегов (11 јуни 2016г.).
Чекор 2:
„СДСМ во континуитет врши притисоци врз легитимните судски власти“
„Широко распространетите наводи за политизација и за политичко мешање на извршната власт и на владејачките партии во работата на судството мора да бидат надминати“ – Извештај на ЕК за напредокот на Македонија 2015.
Чекор 3:
„Јавноста веќе подолг период смета дека СДСМ и нејзиното раководство се мешаат премногу во работата на судството и правосудните институции…“
Прашањето е која јавност, зашто материјалот не нуди ниту некое релевантно истражување на мислењето, ниту барем обична улична анкета. Според последната анкета објавена од Meѓународниот републикански институт ИРИ, 63 отсто од јавноста ја поддржува работата на Специјалното јавно обвинителство.
Чекор 4:
„За жал, потенцираат експертите…“
Кои се тие експерти? Во написот нема ниту „е“ од експерти.
Толку за спинот. Сега нешто за недоследноста и за непрецизноста.
„СДСМ во континуитет врши притисоци врз легитимните судски власти. Денес тоа го направи и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој побара оваа институција да постапува според нивните диктати и да се произнесе за уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство“.
Од која институција побарал Шилегов? Тоа, најверојатно, е Уставниот суд, ама така не е напишано. Јавноста не треба да нагаѓа, туку да добива информации од текстот.
Пристрасноста е на завидно ниво, што се потврдува со формулациите кои се идентични со оние на владејачката партија:
„…Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство не покажаа капацитет да им одолеат на притисоците и влијанието на СДСМ кои во кординација со меѓународниот фактор, нивната работа ја претворија во политичка хајка за дискредитација на раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во текстот.
„Делуваат како партиски огранок на СДСМ. Ставени се во функција на СДСМ“, Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од аргументите што ги наведовме доволно е јасно дека станува збор за непрофесионален производ кој не ги почитува основите етички правила во новинарството, стандардите без кои нема објективна и вистинита информација. Без дилеми, станува збор за спинерско, а не веродостојно четиво.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
и да и не
официјални, неофицијални, анонимни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови