Кулоарски муабети!
Објавено во Рецензии
on 10 - 12 - 2015 Автор: Александар Писарев[Рецензија: Дали Спасовски е подготвен да сноси одговорност ако на Тарчуловски или на споменатите им се случи нешто?]
Овој текст се обидува цела галерија личности, почнувајќи од пратеникот Амди Бајрам, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Емил Димитриев, советникот на премиерот, Мартин Протоѓер, до Јохан Тарчуловски, да ги претстави како ликови од „посебен интерес за државата на кои им е загрозена безбедноста“, па МВР морало да им обезбеди телохранители со парите на граѓаните. Дали во овој политичко-безбедносен галиматијас во кој живееме, само ним им е загрозена безбедноста и дали сите сме еднакви пред законот?
Линк до оригиналниот напис: Дали Спасовски е подготвен да сноси одговорност ако на Тарчуловски или на споменатите им се случи нешто ?
Датум и време на објавување: 07.12.2015 21:48
Датум на рецензирање: 08.12.2015
Рецензент: Александар Писарев
ВАЛКАНИОТ ОБРАЗ
Бидејќи нема начин како да им го измие валканиот образ, текстот се обидува пред граѓаните да го дисквалификува новиот министер за внатершни работи, претставувајќи го како недоволно стручен да ја оцени „сериозноста“ на проблемот со загрозување на животот на спомената галерија на ликови.
„Закани на етничка основа, закани и од радикални исламистички елементи, закани за нарушување на личната безбедност и сигурноста на семејствата на блиските се дел од работите поради кој е издадена наредба од надлежно лице од МВР за обезбедување на овие лица.“
Затоа уште во насловот ја поставува дилемата:
„Дали Спасовски е подготвен да сноси одговорност ако на Тарчуловски или на споменатите им се случи нешто?“
И Тарчуловски не е посочен случајно. Неговиот „случај“ е избран за да се каже дека тој , наводно,
„… по враќањето од Хаг добива секојдневно закани по личната безбедност од радикални албански елементи.“
Меѓутоа, во текстот не е предочен валиден извор од МВР за тоа дека навистина постоела безбедносна процена, според која споменатите личности треба да имаат обезбедување и превоз со службени возила на полицијата. Според тоа, оправдано можеме да се сомневаме во вистинитоста на напишаното и во точноста на овие „факти“.
ЗАГРОЗЕНА БЕЗБЕДНОСТ!
За да ја прикаже власта дека нема дамки во својата работа, непотпишаниот автор се обидува да ја легализира постапката и злоупотребата на МВР, па објаснува дека „надлежно лице“ проценило дека има потреба од обезбедување на овие лица и дека на тоа имаат право како и секој граѓанин.
Но, според она што на прес-конференијата го презентираше министерот Спасовски, во МВР нема никава трага која укажува на загрозена безбедност на спомената галерија ликови.
А, кога веќе ја анлизира состојбата со безбедност на граѓаните и се обидува да ја оправда „одлуката“ за споменатите личности да добијат државни телохранители, авторот морал да спомене дека и на други јавни личности, политичари, новинари и нивните семејства животот им е загрозен со сериозни закани:
- Смртни закани за новинари без реакција од власта,
- Смртни закани по животот на новинарот Борјан Јовановски
Исто така, треба да се каже и дека МВР не им одредило мерки на обезбедување, иако на тоа било укажано со службени дописи, пријави и предупредувања од домашната и од меѓународна заедница.
МИЕЊЕ РАЦЕ
Последниот дел од овој материјал ја открива неговата вистинската намера – Оливер Спасовски да се дисквалификува, да се навреди со погрдни зборови („примитивец“) и да се претстави во најлошото можно светло.
Но, истовремено, финишот на текстот укажува и на „грижа на совест на авторот“, која проработила во последниот момент и го вклучила „алармот за саморегулација“. Па, по серијата конструкции за министерот, самиот признава дека изворот на информациите е несигурен, дека приказната е од кулоарите и се сомнева дека фактите што ги изнел во текстот се точни. И токму затоа, јавно му се извинува на Спасовски:
„Ова се кулоарски муабети и затоа доколку се неточни однапред како редакција му се извинуваме на министерот Оливер Спасовски.“
Ваквиот потег сам по себе кажува со каква тежината се (дез)информациите што се изнесени во написот и колку публиката може да им верува.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови