Рецензија: Крв се лееше низ скопските улици во текот на вчерашниот ден
Објавено во Рецензии
on 18 - 07 - 2014 Автор: Стојан СинадиновЖелбата за читаност, т.е. кликаност на вестите на порталите не еднаш довела до сензационални наслови. Но, откако ќе се прочита текстот, тие испаѓаат не само непропорционални на неговата содржина, туку звучат дури и комично.
Линк до оригиналниот напис: Крв се лееше низ скопските улици во текот на вчерашниот ден
Датум и време на објавување: 16.07.2014
Датум на рецензирање: 17.07.2014
Рецензент: Стојан Синадинов
Текстот се темели на факти од билтенот на Министерството за внатрешни работи. Фактите се точни во поглед на бројот на сообраќајките во текот на едно деноноќие, бројот на повредените и причинетата материјална штета. Никаде во текстот нема податок дека се работи за тешко повредени. И споредбата со текстовите во други медиуми ја покажува „гладта за крв“ во овој случај.
Како извор на информации се наведени увидите на сообраќајната полиција на град Скопје, а податоците се од билтенот на полицијата за претходниот ден.
Насловот е сензационалистички, несразмерен со фактите, несоодветен и тенденциозен. По секоја цена ја истакнува „крвта“ во информациите за сообраќајните незгоди.
Сензационалистичките наслови, како на овој текст, често користат „магични“ зборови како „крв“, „војна на улиците“, „масовни нереди“ и сл. Целта за привлекување на вниманието на читателот затоа неретко буквално „експлодира“ пред неговите очи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија (агенциска вест)
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови