Крајот делото го гнаси
Објавено во Рецензии
on 7 - 07 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: ЗАЕВ МУ КАЖА НА ХАЈНДЛ ДЕКА Е МОЖЕН ДОГОВОР ЗА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК И ЗА МЕДИУМИТЕ]
Еден новинарски текст мора да има почеток и крај и во тие рамки да биде вистинит и објективен. Доколку само еден сегмент на написот биде невистинит или непроверен докрај, пропаѓа целиот труд на новинарот. Така е со овој текст. Насловот и речиси целиот текст се коректни, но последниот пасус…
Линк до оригиналниот напис: ЗАЕВ МУ КАЖА НА ХАЈНДЛ ДЕКА Е МОЖЕН ДОГОВОР ЗА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК И ЗА МЕДИУМИТЕ
Датум и време на објавување: 06.07.2016, 17:56
Датум на рецензирање: 07.07.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
До душа, насловот е малку изнасилен. Точно е дека Заев му кажал на германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, дека е можен договор за избирачкиот список и за медиумите, но има еден битен момент кој во текстот не е апострофиран. Имено, Заев вели дека сето тоа е можно само ако се има волја. Тоа битно се разликува од идејата на лидерот на опозицијата да му се стави в уста нешто што не го кажал, односно да се прикаже ситуацијата дека само што не дошло до договор, иако состојбата е далеку од сјајна. Сѐ уште нема никаков напредок во преговорите, а на повидок нема ни датум за лидерска средба.
КРАЈОТ ДЕЛОТО ГО ГНАСИ
Во еден поголем дел текстот е коректен. Пренесени се изјави од лицата со кои Хајндл имаше средба. Сепак, последниот пасус е невистинит.
„Според најавите, вчера попладне Хајнд имаше средби со Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во МНР, а потоа и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи“.
Вистината е дека Груевски немаше средба со Хајндл. Дури и во партиското соопштение стои дека „делегација од ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со германскиот специјален пратеник г-дин Јоханес Хајндл“.
„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакното дека партијата е посветена кон постигнување на позитивни решенија базирани врз европските искуства, кои ќе бидат рационални и ќе го запазат општествениот интерес. Беше постигната согласност дека е потребен конструктивен пристап и отвореност на сите политички чинители“.
По пишувањата во некои медиуми дека Груевски сепак не се сретнал со Хајндл, од владејачката партија испратија објаснување дека нивниот лидер сѐ уште е во странство на свадба кај висок пријател:
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен на денешната средба од причини кои веќе ги соопштивме. Заедно со семејството е на приватно патување. Тој беше лично поканет на свадба кај пријател надвор од Македонија уште пред неколку месеци. Престојот во странство го завршува заклучно со утрешниот ден“, вели за „Нова“ портпаролот на владејачката партија, Иво Котевски.
НЕПРОВЕРУВАЊЕТО Е НЕПРИФАТЛИВА ПРАКТИКА
Истото можело да се постигне и со текстот што го рецензираме. Морало да се провери информацијата дали Груевски бил на средба со Хајндл. За тоа доволно било јавување во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ со молба за одговор. Тоа не е сторено, што е голем минус за написот, кој имал големи шанси да биде коректен до крај.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
дел се неточни
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови