verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Копија од партиско соопштение не е новинарски текст

on 20 - 01 - 2017       

Ohridsky

[Рецензија: Граѓаните избраа нова Влада која ќе води реални политики, затоа Груевски е нервозен?]

Медиумот јасно се става во одбрана на политичка партија, употребувајќи реторика која е препишана од партиско соопштение. Нема евидентирано извори, нема факти. Текстот е целосна копија од партиско соопштение и додека партијата комуницира со јавноста по други стандарди, објавениот текст грубо ги крши новинарските.

 

Граѓаните избраа нова Влада која ќе води реални политики затоа Груевски е нервозен OHRID SKYЛинк до оригиналниот написГраѓаните избраа нова Влада која ќе води реални политики, затоа Груевски е нервозен?

Датум и време на објавување: 12.01.2017

Датум на рецензирање: 17.01.2017

Рецензент: Александар Пешев

 

КЛАСИЧНА ПОЛИТИЧКА РЕТОРИКА

Јасната политичка пристрасност на објавата е забележлива уште на самиот почеток, со видно тенденциозниот наслов. Употребата на класична политичка реторика, особено со формулацијата „Граѓаните избраа“ потсетува на дел од соопштенијата на СДСМ, а текстот кој следува застанува во јасна одбрана на партијата.

„Убедливо мнозинство од над 600.000 граѓани избраа промени и нова одговорна Влада којашто ќе се грижи на нивните потреби и ќе води реални политики“.

Пребарување на дел од клучните зборови употребени во текстот открива дека целиот текст е копија на партиско соопштение на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија.

Граѓаните избраа нова Влада која ќе води реални политики затоа Груевски е нервозенПартиски соопштенија не се новинарски текстови. Доколку се употребуваат информации од партија, пред сè, потребна е атрибуција и посочување на изворот. Во овој случај, во ниту еден дел од текстот не е наведено „соопшти СДСМ“, туку текстот се употребува како вест. Тоа е неоправдано од аспект на професионалните стандарди:

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од кодексот на новинари на РМ.

ПРОБЛЕМИ – ЕДЕН КУП

Настрана соопштението, ако објавата на медиумот се анализира како новинарски текст, тогаш се забележува непочитување на повеќе професионални стандарди. Копирањето на партиското соопштение и ненаведувањето на изворот ги создава следниве проблеми со написот кој е презентиран како вест:

Имајќи го предвид недостигот од атрибуција, останува кој и по која основа утврдил дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ е криминално и по кои критериуми е утврдено дека лидерот на партијата е нервозен. Продолжението на текстот што го објавува медиумот не дава поконкретни одговори на ваквите прашања, туку имаме ширење на навивачката реторика:

„Народот стави крај на деструктивни политичари како Груевски, кој со реториката на конфликт со демократската јавност сака да ја изолира Македонија. Граѓаните се свесни дека Груевски тоа го прави за да се спаси од одговорност и планот нема да му успее“.

Говорењето во име на народот, иако честа практика во дневно-политичката реторика, како во соопштението на партијата, нема професионална основа за употреба во новинарскиот израз. Може да се пишува за мнозинство граѓани, за одреден сегмент од населението или за граѓаните кои се опфатени со новинарска анкета, во практиката позната и како „вокс попули“. Кога и да се проверува „гласот на народот“, потребно е констатациите и тврдењата да се поткрепени со факти, особено со статистички податоци или тврдења кои соодветно се атрибуираат – да се каже кој тврди дека народот одлучил.

КОМЕНТАТОРСКА ПАРТИСКА РЕТОРИКА

Но, наместо конкретизирање на тврдењата, имаме ширења на коментаторската реторика директно препишана од партиското соопштение, без да се конкретизира изворот. Така, ако текстот се анализира од аспект на новинарска објава, спорно е и следново тврдење:

„Целата домашна и меѓународна демократска јавност знае дека почнува процесот на враќање на животот за граѓаните“.

Како е утврдено дека целата домашна и меѓународна јавност е свесна за ваква наводна состојба? Кои се претставниците на домашни и на странски институции кои дале вакви изјави?

Сè на сè, имаме текст во кој треба јасно да се посочи дека се пренесува став на партија. Во најмала мера, редакцијата е должна да му посочи на читателот дека партискиот став го пренесува во целост, наместо да ги присвојува ставовите на СДСМ како сопствени, што е во јасна спротивност со професионалните стандарди.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови