verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Конкурс за најдобра колумна на тема „Говорот на омраза не е слобода на изразување“

on 20 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански
Фото: flickr
Фото: flickr

 

Цел на конкурсот е да се поттикнат младите колумнисти на креативно изразување на темите „Говор на омраза“ и „Слобода на изразување“, но и да се актуелизира проблемот со говорот на омраза кој се обидува да се маскира или легитимира како слобода на изразување.

Конкурсот е наменет за студенти, средношколци, граѓански активисти и за сите млади творци во Република Македонија.

Колумните на тема „Говорот на омраза не е слобода на изразување“ треба да бидат од 2.000 до 5.000 карактери, а во нив можат да бидат содржани и аудио-визуелни материјали (кратки видеозаписи или илустрации, карикатури, монтажи, гифови, итн.).

Колумните (во rtf-формат) и аудио-визуелните материјали (како прилог), треба да бидат испратени на адреса slobodnamk@gmail.com до 1 јуни 2016 година.

Колумните ќе бидат оценувани од трочлена жири-комисија која ќе додели парични награди:
– за првонаградената колумна (една награда – 7.000 ден).
– за второнаградената колумна (една награда – 5.000 ден.)
– за третонаградената колумна (една награда – 3.000 ден.)
– за пофалени колумни за објавување (пет награди – 1.000 ден.).

За трите најдобри колумнист(к)и е предвидено јавно доделување на паричните награди во текот на јуни.

Сите наградени колумни ќе бидат објавени на веб-страницата „Слободна Македонија“ (slobodna.mk).

„Слободна Македонија“ е граѓанска иницијатива за промоција на слободата на изразување, граѓанскиот активизам и на човековите права.

На веб-страницата на „Слободна Македонија“ (slobodna.mk) се објавуваат и колумни за актуелни општествени теми, вклучително и колумни, анализи, коментари, интервјуа и вести во врска со слободата на изразување.

Конкурсот се спроведува во рамките на проектот „Застапување за слободата на изразување“ на Фондацијата НВО Инфоцентар и Центарот за развој на медиуми, овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија.