verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коментарите не се дел од веста!

on 19 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #255 - 'Këshillit opozitar s’ju ni zani_ As gëk e as mëk për Hasanbegun_! I AKTUALE_MK' - www_aktuale_mk_keshillit-opozitar-sju-ni-zani-as-gek-e-as-mek-per-hasanbegu

 

Напис: На опозицискиот совет не му се слушна гласот. Ни збор за Хасанбег?!

Поплавите што ги зафатија албанските населби, било во Скопје или Тетово, предизвикаа реакции кај многу политички актери, разни организации од земјава, од странство и други. Предизвикаа реакции кај многу соседни власти, Косово и Албанија, но и од функционери од Брисел, но не и од еден совет што се нарекува себеси Опозициски совет во Македонија.

Од нив не само што не видовме да посетат и да видат што се случило во поплавените села и населби во албанските средини, но не најдоа време ни декларативно да речат два-три збора за оваа тешка трагедија што заврши со 20 жртви.

Би рекле: Тие се активни само во организирање протести, но и тие не им успеваат, само не знаеме дали овој совет функционира воопшто или е заплеткан во временските лавиринти?!

 

[Рецензија: На опозицискиот совет не му се слушна гласот. Ни збор за Хасанбег?!]

Коментарот е новинарски жанр, но не и дел од веста. Затоа, информацијата и веста треба да им се пласираат на јавноста или читателот без да се измешаат со коментари. Во текстот што го рецензираме, иако има основа за вест, нема вест како што треба, туку едно изразување гнев со политичка конотација.

Новинарот не е тој што ја одредува агендата на некој друг, уште повеќе на страните вклучени во неговиот напис, кој би требало да биде професионален. За случајот за кој се зборува во текстот, тој има право да побара став, но не и да ја толкува погрешно претпоставената рамнодушност на луѓето спомнати во текстот, аргументирајќи со нешто што не можел или не се обидел да го потврди. Текстот, алудирајќи дека Опозицискиот совет не покажува интерес за жртвите и за погодените од поплавите во Хасанбег, има цел да му наметне на читателот убедување дека Опозицискиот совет не функционира или не постои. Во овој случај, пристапот е тенденциозен и непрофесионален.

„Поплавите што ги зафатија албанските населби, било во Скопје или Тетово, предизвикаа реакции кај многу политички актери, разни организации од земјава, од странство и други. Предизвикаа реакции кај многу соседни власти, Косово и Албанија, но и од функционери од Брисел, но не и од еден совет што се нарекува себеси Опозициски совет во Македонија“.

Këshillit opozitar s’ju ni zani. screenshotЛинк до оригиналниот напис: „На опозицискиот совет не му се слушна гласот. Ни збор за Хасанбег?!


Датум и време на објавување:
11.08.2016

Датум на рецензирање: 12.08.2016

Рецензент: Адриан Керими

Јавноста има потреба за информација, а не за гласини што се пишуваат како вест, а всушност се мислење или личен став. Спротивно на професионалните и на етичките начела е во една информативна содржина новинарот да го пишува своето мислење!

„Новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ (Кодекс на етика во новинарството).

„Од нив не само што не видовме да посетат и да видат што се случило во поплавените села и населби во албанските средини, но не најдоа време ни декларативно да речат два-три збора за оваа тешка трагедија што заврши со 20 жртви. Би рекле: Тие се активни само во организирање протести, но и тие не им успеваат, само не знаеме дали овој совет воопшто функционира или е заплеткан во временските лавиринти?!“

Меѓу редови, текстот тврди дека изјаснувањето на еден политички субјект (во овој случај Опозицискиот совет) во врска со поплавите со Скопскиот Регион е од јавен интерес, додека, пак, неизјаснувањето претставува пораз. Тезата почната на овој начин, дава алиби за сè друго да може да се поврзе со рамнодушноста на овој субјект за овој случај.

Доколку според тоа што се претставува во содржината, ставот на Опозицискиот совет е јавен интерес (иако не со толкава одговорност, бидејќи станува збор само за еден политички субјект, а не јавна институција), новинарот има право да ги праша неговите припадници, да побара нивен став во врска со трагедијата во Хасанбег и да побара нивно мислење во врска со препораките што тие ги насочуваат кон институциите како да се соочат со оваа трагедија и за дејствата што ги преземаат тие како субјект. Меѓутоа, текстот не го одбрал професионалниот пат за да ја информира јавноста, туку пласира индиректна пропаганда со доза политички анимозитет. Во овој случај, етичкиот кодекс на новинарите наложува:

Новинарот треба да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

не се исклучува можноста

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови