Коментар во „кожа“ на вест
Објавено во Рецензии
on 26 - 09 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Катица меѓу своите, на кафе со пратениците на СДСМ]
Коментарот останува коментар и кога е „протнат во кожа на вест“. Нема многу да должиме. Ова е чист коментар од А до Ш. Ќе немаше проблем ако беше ствен во рубриката за коментари, а не во рубриката „Македонија“.
Линк до оригиналниот напис: Катица меѓу своите, на кафе со пратениците на СДСМ
Датум и време на објавување: 23.09.2016, 16:16
Датум на рецензирање: 24.09.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ЕДНО КАФЕ-ПИЕЊЕ ЗА КОМЕНТАТОРСКА „БОМБА“
Две не многу јасни фотографии, низа шпекулации и, оп, ете сензација. Не велиме дека специјалната обвинителка не седнала на кафе-муабет со пратениците од опозицијата, иако тоа докрај не е јасно од приложените фотографии, но и да било така, секако дека нејзиниот „грев“ не треба да се карактеризира како тоа дека била меѓу нејзините. А, ако, на пример, седнала со претставниците на власта, дали тогаш ќе беше со нивните, а? Впрочем, таа во текот на комисиската расправа седеше до јавниот обвинител Зврлевски, па не слушнавме дека некој од тоа направи прашање за нивен-нејзин, иако голем дел од јавноста смета дека тој повеќе е во функција на власта, отколку на државата.
Нејсе, поделбите на ваши, наши, нечии и нивни како да немаат крај во еден дел од медиумското милје, кое како да „везе“ по однапред утврдени и напишани ноти.
Написот е кус, три параграфи, седум реченици, наслов и наднаслов, ама сосема доволни за да се разоткрие, пред сè, политичко-партиската, а не новинарската мотивација за неговото пишување.
„Специјалната јавна обвинителка отворено ги покажува своите симпатии кон социјал-демократите. Во бифето на собранието се дружи со нив и на кафе-пауза, покрај што и службено ги застапува нивните интереси.
Ситуацијата не треба да чуди, бидејќи Јанева и инаку, како што е познато е во контакт исклучиво со членовите на највисокото раководство на СДСМ. Во Собранието се однесува како член на партијата и дел од нивната пратеничка група. На видео-материјалите кои се појавија низ медиумите може да се забележи дека таа прима инструкции од Шилегов и други пратеници од СДСМ.
Се појасно станува дека СЈО како институција е формирано за да ги истурка интересите на СДСМ, како засилување поради очајните политики на партијата и немањето шанси за чесна победа на избори.Катица Јанева не е специјален јавен обвинител, туку едноставно послушник на СДСМ ставен на измислена функција „да дели правда“.“
Не може некој толку да го крши Кодексот на новинарите колку што ние можеме да ги повторуваме неговите базични правила:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот.
Едно е да ставите фотографија, ако ја обезбедите, од тоа како Јанева пие кафе со опозициските пратеници, а сосема друго врз основа само на таа фотографија да делите еден куп мошне сериозни обвинувања дека шефицата на СЈО одработува партиска задача. Без аргументи, без јасни факти, само со шпекулации темелени на несогласувањето со правецот во кој Јанева ја „тера работата“ на СЈО, ваков текст едноставно е непрофесиоонален.
Конечно, впечаток е како од написот да извира нечија лутина за првите обвиненија што СЈО ги поднесе.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови