Колку повеќе факти, толку повеќе доверба!
Објавено во Рецензии
on 5 - 12 - 2015 Автор: Adrian Kerimi
[Рецензија: Писмо од затвор на припадник на Кумановската група (Документ)]
Новинарот има задача секој текст да го поддржи со факти и со непобитни докази. Непроверените сомнежи се резултат на невниманието на новинарот при известувањето. Веста што ја рецензираме не го прецизира изворот. Новинарот вели дека писмото е објавено од еден член на семејството, но јавноста би имала поголема доверба доколку новинарот би го прецизирал изворот (лицето) што го објавил писмото. Тоа го прави и новинарот објективен и читателот добро информиран.
Едно писмо кое создава внимание во јавноста може да биде основа за новинарски напис и со право може да се анализира. Но, потоа треба да следи истражувањето и проверката.
Линк до оригиналниот напис: „Писмо од затвор на припадник на Кумановската група (Документ)„
Датум и време на објавување: 02.12.2015
Датум на рецензија: 03.12.2015
Рецензент: Aдриан Керими
ПОЛОВИЧНА ИНФОРМАЦИЈА
Јавноста не знае дали писмото е вистинито или не, а задача на новинарот е да го провери тоа. Тој е должен прашањето да го обработи така што ќе биде што е можно подоверлив.
„Има една власт која што е толку организирана, мрачна, целосна, продорна, што никој нема храброст да зборува лошо за неа на висок глас“. Ова е краткото писмо на Дем Шеху-Јунику од затворот, еден од припадниците на Кумановската група која што се наоѓа во затвор, известува „Лајм“.
Текстот завршува со зборовите:
„….од нејзината содржина е многу јасно кому е наменето ова писмо.“
Јавноста не е таа што треба да знае кому, што и зошто му е наменето! Овие податоци треба да ги даде новинарот. Различни луѓе може да имаат различни перцепции за одредени збиднувања, затоа и пораката на писмото не се сфаќа на ист начин од сите.
Оставена половична, информацијата повеќе создава конфузија отколку што ги разјаснува работите. Наративот на настанот треба да го објасни новинарот, а јавноста треба да донесе заклучоци!
Новинарот, горе-долу, информирал кој е Дем Шеху, но добра заднина би ја дополнила веста со структурна смисла. А, да не навлегуваме во недостигот од факти и од докази што го прави текстот нецелосен.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови