Кој се плаши од Сорос лош, три за грош….
Објавено во Рецензии
on 29 - 08 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Нов план за бегство од избори – СДСМ инсистира СОРОС да го води ад-хок телото за медиуми]
Многу произволности, а малку вистински факти. Многу спин, а отсуство на именувани извори. Многу мешање „лончиња“, а недоволно аргументирање на тезите. Текст со многу недостатоци, кои морале да бидат отстранети пред тој да биде објавен.
Линк до оригиналниот напис: Нов план за бегство од избори – СДСМ инсистира СОРОС да го води ад-хок телото за медиуми
Датум и време на објавување: 24.08.2016 – 18:35
Датум на рецензирање: 26.08.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД „СОРОС-ОТ“ ЛОШ, ТРИ ЗА ГРОШ…?
Повторно „тешка“ приказна за СДСМ, за Сорос, за нивните меѓусебни врски, интереси, интриги итн…. Прашањето е што оваа приказна има зад себе како факти и аргументи за да ги поткрепи сериозните тези, но и обвинувања? По читањето на написот, одговорот сам си доаѓа – малку се на број веродостојните елементи што ги нуди овој материјал. Да, евидентни се неколку факти кои, за жал, се засенети од многуте непроверени информации, односно шпекулации.
„СДСМ инсистира СОРОС да раководи со ад-хок телото во Агенцијата за медиуми. СДСМ до сега ги предложи Горан Трпеновски кој долги години беше новинар на Вест и соросовиот активист Љубомор Костовски. Сега опозицијата во ад хок телото за медиуми инсистира да влезе и Сефер Тахири, еден од оние кои редовно се дел од проектите финансирани од СОРОС“.
„Активист е лице кое се залага за некаков вид на социјална промена“ – вели интеренет-пребарувањето.
Но, што навистина е Соросов активист не може да се утврди! Ако веќе се бележат одредени личности како наводно блиски до оваа „озлогласена“ фондација, тогаш за тоа требало да се приложат и некакви релевантни докази или барем издржани медиумски написи што тоа би го потврдиле. Во спротивно, излегува дека само станува збор за празни обвинувања против двајца докажани новинари и луѓе кои навистина ги разбираат медиумската проблематика и мас-комуникциските системи.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно, вели член 1 од Кодексот на новинари.
ТАИНСТВЕНОСТ БЕЗ ПОТКРЕПА
Во целиот тек на написот се забележува нишка таинственост, поточно секогаш кога треба да се „поткрепи“ некоја од проблематичните формулации, се користат неименувани извори и анонимни експерти.
„Извори на Press24 велат дека како што се наближува датумот за избори, СДСМ почнува да се враќа на познатата тактика на блокада на процесите за излез од кризата…“
„Експертите велат дека не треба да изненадува тоа што преку предлози за кои однапред се знае дека не може да бидат прифатени, СДСМ прави обиди да се опструира процесот кој треба да резултира со избори на 11 декември, особено ако се има предвид дека во опозицијата на сите им е јасно дека доколку излезат пред граѓаните оваа зима ќе доживеат реприза на изборите од 2014-та, кога загубија со близу 200.000 гласа разлика“.
Искрено, ваквиот пристап на анонимност воопшто не го уверува читателот дека навистина има работа со некакви доверливи извори и веродостојни експерти. Кој не вели дека сето тоа не е некаков филм измонтиран во некој партиски центар за односи со јавноста? Можеби прашањето е премногу остро поставено, но приложеното во текстот едноставно изнудува таков начин на барање одговори зашто збороредот упатува на сериозна доза пристрасност, која, впрочем, е „забетонирана“ со насловната конструкција:
„Нов план за бегство од избори – СДСМ инсистира СОРОС да го води ад-хок телото за медиуми“
Што е најинтересно, истите тези, а и формулации ги користи владејачката партија, што е само доказ плус за обоеноста на материјалот.
Конечно, ова е уште производ во обид за плашење на читателите од „сдсмовскиот Сорос лош“. Притоа, отсуството на аргументи за пласираните тези се подразбира.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
поголемиот дел не
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови