Кога се пишува за бројност, потребни се бројки!
Објавено во Рецензии
on 8 - 12 - 2016 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Нервоза кај Заев: СДСМ со помалку луѓе од лани на митингот во Скопје]
Овој текст е тенденциозен и политички мотивиран. Аргументите што му ги нуди на читателот не ги базира на факти, туку на лични убедувања и притоа ги пренесува како коментари. Наспроти тоа, не се нудат егзактни информации.
Линк до оригиналниот напис: Нервоза кај Заев: СДСМ со помалку луѓе од лани на митингот во Скопје
Датум и време на објавување: 04.12.2016
Датум на рецензирање: 08.12.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
„Помал број на лица беа присустни на митингот кој вечерва СДСМ го одржа во Скопје во споредба со митингот кој опозициската партија го одржа лани на 17 мај, е првиот и очигледен впечаток кој се забележува“.
Во самата најава на текстот е застапена тезата дека на централниот митинг на СДСМ во Скопје имало помалку луѓе отколку на ланскиот протест во мај. Притоа, ваквите тврдења се поткрепени со формулацијата „очигледен впечаток“. Но, никаде во написот нема бројки, нема споредби, нема никакви факти. Само лични убедувања и видувања за тоа колку луѓе присуствувале на двата собири на опозицијата.
„Исто така во публиката се присутни празнини и дупки па затоа СДСМ осветлуваше само дел од присутните кои се понапред, а другиот дел од улицата е неосветлен со цел да се прикрие слабата посетеност“.
Каде се фотографиите од дупките за кои се зборува? И нив ги нема. Според тоа, не може да се каже дека напишаното е веродостојно.
„Очигледна е и нервозата на раководството на СДСМ кои незадоволни од посетеноста демонстрираат паника и се трудат со гласни извици да го прикријат своето незадоволство“.
Повторно се убедува читателот во нешто врз основа на личен впечаток. Не се понудени ниту аргументи, ниту изјави кои би оделе во прилог на напишаното. Сè е само рекла-кажала муабети и еден тон спинови.
„На митингот се забележуваа албански знамиња, а имаше и албански песни, транспаренти со натпис „Арачиново е со тебе“ и слични што е на линија на заложбите на Заев за воведување на двојазичност и редефинирање на државата“.
На крајот имаме и националистичко зачинување на текстот. На митингот се вееле албански знамиња во знак на заложбите на Заев за двојазичност и за редефинирање на државата. А тоа што се вееја и македонското, српското, турското, југословенското и други знамиња? Ова не е воопшто спомнато во написот.
„Тоа е главната причина за слабата посетеност велат упатените, Македонците не се согласуваат со штетните политики на Заев и неговите обиди за продажба на националните и државните интереси“.
Тука се користат како извор некакви „упатени“, кои извлекуваат заклучок од погоре напишаното, но кои се тие упатени, останува нејасно? На самиот крај се вели дека Македонците не се согласувале со штетните политики на Заев. Тука имаме генерализирање на поимот Македонци. Имено, не може да се каже дека сите Македонци не го поддржуваат Заев, кога повеќе од јасно е дека голем дел граѓани се негови поддржувачи, што може да се види од митинзите што ги организира СДСМ.
Овој текст е наменски и има цел да манипулира со јавноста дека Заев сака да воведе двојазичност во државата и дека поради тоа народот не го поддржувал и не одел на неговите митинзи.
Притоа, ваквите тврдења не се поткрепени со ништо, што во новинарството е неприфатливо и недозволиво. Информации, а не коментари треба да му се понудат на читателот во еден професионален новинарски напис.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови