Кога се нема аргументи, се „пука“ со невистини
Објавено во Рецензии
on 21 - 10 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски-објавени носителите на листите на СДСМ]
Текстот што е предмет на оваа рецензија содржи невистина уште во насловот. Написот, покрај тоа, е полн со коментари, навреди и со етикети за одредени функционери на СДСМ.
Линкуван наслов на оригиналниот напис: И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски – објавени носителите на листите на СДСМ
Датум и време на објавување: 21.10.2016
Датум на рецензирање: 21.10.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
Насловот на написот „И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски – објавени носителите на листите на СДСМ“, е чиста невистина и манипулација. Најголемата опозициска партија сè уште ги нема официјално објавено носителите на кандидатските листи за пратеници, туку тоа што деновиве се вртеше во дел од медиумите се само неофицијални информации и шпекулации.
Подолу написот содржи низа коментари и навреди за челниците на СДСМ.
„Дежурниот губитник Радмила Шеќеринска според она што го пишуваат медиумите на СОРОС, ќе побегне дури во петтата изборна единица, каде се очекува да доживее катастрофа доколку ВМРО-ДПМНЕ остане со традиционалниот избор, Антонио Милошоски“.
Тука немаме никакви аргументи, туку само претпоставки. Се претпоставува дека Шекеринска ќе доживеела катастрофален пораз ако се соочела со Милошоски. Прво, нема потврда дека овие двајца политичари ќе се судрат во петтата изборна единица и, второ, на читателот не му се нудат аргументи со кои би се поткрепило тврдењето дека Шекеринска би изгубила од Милошоски.
„Балистот Заев, очекува плодовите од ветувањата за двојазичност да ги жнее во шестата изборна единица“.
Тука имаме навреди за лидерот на СДСМ, етикетирајќи го како „балист“ и спинувајќи дека ќе воведе двојазичност доколку победи на избори. Овој спин не е ништо ново и во последно време провладините медиуми интензивно го шират и го нагласуваат во свои написи.
Очигледно е дека текстот е политички мотивиран и освен претпоставки кои се сервираат како факти, не содржи ништо друго. Констатирани се повќе повреди и на етичките правила содржани во Кодексот за етика на новинарите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
не апликативно