Кога од влакно се прави ортома
Објавено во Рецензии
on 11 - 03 - 2016 Автор: Ferikan IljaziНапис: Груевски пречекан како херој во Кичево, дали Албанците ризикуваат да ја изгубат оваа општина!
Скопје, 9 март – Илјадници граѓани денес излегоа на улиците во Кичево да го пречекаат поранешниот премиер, Никола Груевски, нарекувајќи го спасител на Македонија и тврдејќи дека на наредните локални избори кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи кандидатите на партиите на Албанците.
Од друга страна пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ветил дека неговата партија ќе биде со граѓаните на Кичево и ќе им помогне во подобрување на стандардите и условите за живеење, пишува Журнал.
Груевски ги посетил и Кичевските села Вранештица и Другово. Тој бил придружуван и од другите министри од владиниот кабинет, како што е министерот за транспорт и врски, Мисајловски, кој на кичевчани им ветил дека ќе го реши проблемот со водоводот, како и други проекти кои се во полза на граѓаните. На последните локални избори за прв пат во Кичево победи кандидатот од албанско национално потекло, кој и е градоначалник, Фатмир Дехари. Резултатот на изборите беше многу приближен, и Дехари го победи кандидатот од редовите на партијата на Македонците само со мал број на гласови разлика, пишува Журнал.
На последните избори се сенсибилизираа и Албанците кои живеат во Европа и во Америка и гласаа во Кичево, и со нивни гласови се освои победа, но за прв пат партиите на македонците, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се соединија и излегоа со еден заеднички кандидат, иако само неколку недели пред тоа во Собранието на Република Македонија функционерите на ВМРО-ДПМНЕ им наредија на пратениците на СДСМ да го напуштат Собранието и влечејќи ги, ги извадија надвор, и при тоа и физички ја нападнаа и Радмила Шеќеринска.
Но, оваа еуфорија на граѓаните Македонци ги алармира партиите на Албанците дека на идните локални избори Кичево можат да го изгубат поради некој кандидат Македонец.
[Рецензија: Груевски пречекан како херој во Кичево, дали Албанците ризикуваат да ја изгубат оваа општина!]
Брзањето да се напишат неколку реченици како главна вест ја уништува убавината на пишаниот збор, но и тежината што ја имаат медиумите како веродостојни известувачи. Брзаме за да бидеме први, да бидеме најоригинални, да бидеме најистакнати. Оваа трка за истакнување често се води по цена на газење на новинарските правила, како што е точноста на информацијата, важноста на објавување на веста за јавноста, опфаќањето на сите засегнати страни од едно одредено прашање, и низа други услови кои треба да ги исполни еден текст за да може да се нарече „вест“.
Линк до оригиналниот напис: Груевски пречекан како херој во Кичево, дали Албанците ризикуваат да ја изгубат оваа општина!
Датум и време на објавување: 09.03.2016
Датум на рецензирање: 11.03.2016
Рецензент: Ферикан Илјази
Во рецензираниот текст е одбран најкраткиот и најлесен начин за да се добие што повеќе кликнувања, со објавување вест која ниту може да се потврди, ниту пак може да се демантира. Авторот на текстот се позанимал со хипотетички ситуации кои самиот ги измислил, не трудејќи се нималку да ги развие професионално хипотезите и темата што ја започнал. Новинарот ја одбрал улогата на аналитичар, заборавајќи дека под текстот кој тој или таа го пишува, се потпишува како новинар, а не аналитичар.
Повод била посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, која го вклучила алармот дека, божем, Албанците може да го изгубат управувањето во оваа општина поради симпатиите кои ги ужива Груевски кај граѓаните на општината. Но, ако ја погледнеме реалноста, ќе се запрашаме дали навистина имало потреба да се покрене едно вакво прашање. И, дали имало потреба да се вклучи „националниот аларм“. Новинарот има за задача да известува или да ги прашува другите што мислат, а не да дава свои мислења во делот за вести.
Илјадници граѓани денес излегоа на улиците во Кичево да го пречекаат поранешниот премиер, Никола Груевски, нарекувајќи го спасител на Македонија и тврдејќи дека на наредните локални избори кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи кандидатите на партиите на Албанците. Од друга страна пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ветил дека неговата партија ќе биде со граѓаните на Кичево и ќе им помогне во подобрување на стандардите и условите за живот.
Авторот ја истакнува темата за поделбите врз база на етничката припадност , затоа што е свесен дека јавноста „паѓа“ на такви теми и е многу ранлива кога станува збор за нацијата и правата. Тој ги спомнува последните локални избори во кои кандидатот Албанец за многу мал број на гласови го освои градоначалничкото место, обидувајќи се на овој начин да ја „мобилизира“ јавноста, за да не се изгуби Кичево. Политичките партии биле алармирани од опасноста да го изгубат Кичево, но во текстот нема ниту еден став од ниту една политичка партија.
На последните избори се сенсибилизираа и албанците кои живеат во Европа и во Америка и гласаа во Кичево, и со нивни гласови се освои победа, но за прв пат партиите на Македонците, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се соединија и излегоа со еден заеднички кандидат, иако само неколку недели пред тоа во Собранието на Република Македонија функционерите на ВМРО-ДПМНЕ им наредија на пратениците на СДСМ да го напуштат Собранието и влечејќи ги, ги извадија надвор, и при тоа и физички ја нападнаа и Радмила Шеќеринска. Но, оваа еуфорија на граѓаните Македонци ги алармира партиите на Албанците дека на идните локални избори Кичево можат да го изгубат поради некој кандидат Македонец.
Вакви „магливи“ вести не заслужуваат да се објават. Можеби во делот за коментари, но не и да и се пренесат на јавноста како да се вест. Само доколку има изјави од главните чинители, или пак, ако ова прашање се покрене од личности компетентни да зборуваат за оваа тема, тогаш може да се напише анализа, но со сите елементи кои се дел од новинарството. Вакви вести кои се пишуваат само за да соберат што повеќе кликнувања може да ја намалат вредноста на медиумите и текстовите кои ќе се пишуваат во иднина. Затоа секогаш треба да се поаѓа од една мала анализа – дали може да се извади вест од една одредена тема и колку знаеме или колку од тоа што го претпоставуваме, можеме да го потврдиме. Доколку нашите податоци не може да се конкретизираат, тогаш веста не вреди да се напише.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
Нема извори, има ставови на новинарот
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
национална дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови