Кога новинарството удира по себе
Објавено во Рецензии
on 11 - 08 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис: „Полуде“ Теута Арифи, удри по себе и по Али Ахмети
Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, направи една „лудост“, досега невидена на политичката сцена во Македонија. Таа си удри една „шлаканица“ себеси и на лидерот на нејзината партија, Али Ахмети, не двоумејќи се да зборува со остри тонови за посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Шипковица, иако тој ѝ беше шеф додека беше заменик-премиерка и со него ДУИ веќе осум години е во коалиција.
Оваа „лудост“ на Арифи е забележана на годишнината на несреќата од поплавите од 3 август. На новинарските прашања за посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Арифи одговори кратко: „Еден бронзен коњ помалку на скопскиот плоштад, може да ја среди целата инфраструктура во селото Шипковица“, без да даде образложение зошто таа и нејзината партија ДУИ поставуваат бронзени коњи во Скопје.
Ако Арифи нема некој евентуален психички проблем, овие нејзини ставови може да се толкуваат како обид да се манипулира и да се понижи албанската јавност. Ако нема психички проблеми и ако има барем малку почит кон нејзините гласачи, таа треба да излезе и објасни зошто таа и нејзините сопартијци гласале за владата на Груевски.
[Рецензија: „Полуде“ Теута Арифи, удри по себе и по Али Ахмети]
Вршењето на новинарската функција значи да си на страна на доброто и против злото. Меѓутоа, ова не подразбира дека додека се наоѓаш во некоја друга ситуација, можеш да правиш лом со новинарството. Новинарскиот речник се разликува од уличарскиот.
Таков е случајот во текстот што го рецензираме. Срамен пример за новинарското ниво на порталите и соодветен пример за тоа на какво дереџе ја носат професијата неколку портали и новинари.
Текстот што го рецензираме навредува, понижува и сериозно ја валка личноста на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Во овој напис се употребени најразлични изрази, кои всушност се квалификации што авторот на текстот ги насочува кон госпоѓата Арифи.
„Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, направи една „лудост“, досега невидена на политичката сцена во Македонија. Таа си удри една „шлаканица“ себеси и на лидерот на нејзината партија, Али Ахмети, не двоумејќи се да зборува со остри тонови за посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Шипковица, иако тој ѝ беше шеф додека беше заменик-премиерка и со него ДУИ веќе осум години е во коалиција“.
„Новинарот има одговорност за јавно кажаниот збор“, пишува кратко и јасно во Етичкиот кодекс. Во овој случај, новинарот е обврзан да одговори за навредите и за понижувањата што ги вклучил во текстот, не оставајќи простор да се сфати целта на веста.
Линк до оригиналниот напис „Полуде” Теута Арифи, удри по себе и по Али Ахмети”
Датум и време на објавување: 03.08.2016
Датум на рецензирање: 05.08.2016
Рецензент: Адриан Керими
Изјавата на госпоѓата Арифи треба да се дискутира и да се анализира, но никако да се толкува погрешно според начинот и желбата на една редакција.
„Новинарот ќе го зачува престижот и достоинството на неговата професија, ќе поттикне меѓусебна солидарност и плурализам на мислењата и нема да го употреби неговиот медиум за израмнување сметки со разни личност, вклучувајќи ги овде и неговите колеги“.
„Новинарот треба да ја негува културата на зборување и етиката. Недоличната комуникација со јавноста нема никаква врска со новинарската професија.“
„Оваа „лудост“ на Арифи е забележана на годишнината на несреќата од поплавите од 3 август. На новинарските прашања за посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Арифи одговори кратко: „Еден бронзен коњ помалку на скопскиот плоштад, може да ја среди целата инфраструктура во селото Шипковица“, без да даде образложение зошто таа и нејзината партија ДУИ поставуваат бронзени коњи во Скопје“.
Не е професионално веста да содржи коментар. „Новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу вестите и коментарите“, порачува Етичкиот кодекс. Конкретната вест има многу коментари, а новинарскиот речник не е професионален, ниту етички.
„Ако Арифи нема некој евентуален психички проблем, овие нејзини ставови може да се толкуваат како обид да се манипулира и да се понижи албанската јавност. Ако нема психички проблеми и ако има барем малку почит кон нејзините гласачи, таа треба да излезе и да објасни зошто таа и нејзините сопартијци гласале за владата на Груевски“.
Ваква турлитава од прашања не е добра за читателот и за јавноста. Една вест треба да нè информира за една тематика, додека секое мешање на други прашање во таа вест, може да даде основа таа да се смета за тенденциозна, еднострана и необјективна.
Конкретниот текст не може да се нарече ни вест, бидејќи во него недостигаат вклучените страни, а на крајот не може да се разбере од каде дојде реакцијата и која е заднината на написот. И покрај ова, авторот пречекорувајќи ги професионалните линии, направил повик и ѝ сугерирал на госпоѓата Арифи што треба да направи. Ова доаѓа во судир со улогата на новинарот, која е едноставна – да информира.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови