Клуб на пингвини во новинарството
Објавено во Рецензии
on 14 - 07 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: „Се формира православен сојуз: ЦИА исплашена дека Македонија, Грција, Србија И Бугарија ќе направат православен сојуз со Русија!“]
Дури и да ја исклучиме можноста оваа медиумска содржина да им припаѓа на оние вести од комплексот „теории на заговор“, таа не ги задоволува основните професионални стандарди како што се релевантен и потврден извор.
Наведените имиња, кои треба да сугерираат дека се работи за експерти на геостратегија и за интересите на големите сили во регионот, се ептен проблематични и без посериозни референци, со исклучок на некојси Чедомир Антиќ, кој нема некаква академска подлога, ама многу сомнителна перспектива.
Линк до оригиналниот напис: Се формира православен сојуз: ЦИА исплашена дека Македонија, Грција, Србија И Бугарија ќе направат православен сојуз со Русија!
Датум и време на објавување: 14.05.2015
Датум на рецензирање: 14.07.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Оттаму, бидејќи го поставуваме прашањето за релевантноста на изворникот за оваа медиумска содржина, читателите треба да насетат дека споменувањето на името „Информер“ треба да значи дека е тоа изворот од кој се пренесува оваа информација, но тоа е ептен невешто, аматерски направено.
Освен тоа, кога ќе го отворите „Информер“, ќе ве заплисне невидено гласен, вриштечки таблоид од „жуто-пожуто“ гласило, кое како свој врховен принцип го има сензационализмот, а за вистината и за објективноста – пет пари не даваат.
Истото се однесува и на „Напредни клуб“ и на експертот Чедомир Антиќ. Значи, како и во претходниот случај за „Информер“, и за оваа адреса нема директен линк до статијата која треба да биде основа, инспирација или оригиналот на медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија. Освен што треба да сурфате „на невидено“, пристигнувате со веб-страница која изгледа посериозно, но кога малку ќе се задржите на неа, сфаќате дека се работи за една од оние нарцисоидни лични веб-страници кои сопственикот го прикажуваат како омнопотентен познавач на глоаблната и на регионалната политика, кој целосно и исклучиво е од позиции на српските национални интереси, а кои, пак, многу често забегуваат кон национализам. Впрочем, прашањето за релевантноста на оваа веб-страница како изворник за новинарски текст завршува тука, во описот на тоа што е „Народни клуб“ – се работи за политичко здружение.
Се разбира, не велиме дека една политичка партија не смее да биде извор, но никако не може да биде единствен и некритички опсервиран кога се обработува новинарски.
Понатаму, сосема е небитно како тоа овој портал има пристап до најновите извештаи на ЦИА? Од далеку се гледа дека таа конструкција, дека им биле достапни извештаи на ЦИА, е изведена од коментарите на аматери стратези и на стратези со пристрасен политички пристап.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови