Ќе те вознемирувам за да кликаш
Објавено во Рецензии
on 12 - 09 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Дневник: Во овие скопски наслеби е најризично за живеење поради земјотреси]
Преземањето текстови од други медиуми не е нешто непознато, ниту невообичаено. Иако тоа зборува за одредена мрзеливост и за неинвентивност, сепак, додека преземањето се прави коректно, тоа е во ред.
Под коректно подразбираме првенствено да се објави изворникот на текстот, со оригинален наслов и со датум и време кога е објавена содржината. Уште повеќе, кога се преземаат само одредени делови од „позајмената“ содржина, тогаш треба да се биде особено внимателен за да не се измести контекстот на преземениот дел и со тоа да се злоупотреби.
Линк до оригиналниот напис: Дневник: Во овие скопски наслеби е најризично за живеење поради земјотреси
Датум и време на објавување: 11.09.2016 – 22:50
Датум на рецензирање: 12.09.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
Во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме, станува збор токму за тоа – за избор на делови од изворникот и за нивно ставање во контекст кој не е автентичен и кој воопшто не ја отсликува сеопфатната рамка од која се земени деловите.
Згора на тоа, новата медиумска содржина е „украсена“ со наслов кој е крајно вознемирувачки и кој нагласува само еден аспект на една сложена, сама по себе загрижувачка тема, како што се земјотресите во Скопје.
Во изворникот од каде е екстрахирана оваа вознемирувачка медиумска содржина, оваа тема е сеопфатно и детално елаборирана од страна на експерт. Таа содржина предупредува, но, колку-толку, водено е сметка да не биде вознемирувачка.
Тоа не е случај кога станува збор за текстот што го рецензираме, само со една намера – да биде кликан.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
нема лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
Вознемирува
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови