Ќе се изненадите колку неписмен текст…
Објавено во Рецензии
on 22 - 06 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Ќе се изненадите – еве што гледаат Македонците на Јутјуб најмногу]
Дури е и неверојатно дека мораме да пишуваме рецензија заради елементарна неписменост изразена во толкаво количество во еден новинарски текст.
Написот се иснпирирал од една нова алатка на видеоканалот „Ју тјуб“, „трендинг“, која нуди преглед на најгледаните видеозаписи во една земја. Еве ја реченицата од текстот што го објаснува концептот на „Јутјуб“:
„Тој овозможува луѓето со креативни идеји и видео клипови а потпишат договор и нивната работа да биде наплатен во склад со бројот на прегледи“.
Навистина премногу правописни, синтаксички и логички грешки во само една реченица.
Ова само покажува до кој степен потфрлил целосниот систем на проверки што е елементарна обврска на редакциската структура. Од новинар, преку лектор, до уредник…
Линк до оригиналниот напис: Ќе се изненадите – еве што гледаат Македонците на Јутјуб најмногу
Датум и време на објавување: 20.06.2016 – 15:16
Датум на рецензирање: 22.06.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ПРЕМНОГУ ГРЕШКИ
И тоа не е сѐ. Прочитајте го и следниот цитат од оваа медиумска содржина:
„Баш поради голем број луге, а пред музичките ѕвезди ги заштитуваат правата на нумерите и спотови кои сега исклучиво се објавуваат на нивните Јутјуб канали или каналите на издавачките куќи, како прегледите би се таложеле на едно место“.
„…како прегледите би се таложеле на едно место…“. Неверојатно!!!
Премногу е! И навредливо за професијата и за читателите.
И членот 16 од Кодексот на новинарите го предвидел ова и предупредил во неговата прва реченица:
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија…
Токму така, достоинството на професијата се чува и со писменоста. И тоа со онаа на која треба да се угледаат и другите колеги и медиумската публика.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови