verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Километарски наслов со неколку килограми вулгарности

on 9 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Betmen pushit

[Рецензија: Бетмен пушит активиран од режимот да ги јаде лајната кои ни Филип Петровски не сака да ги изеде, се заканува ќе тепал се од Шарената револуција]

 

 

Освен „километарски“ долг наслов кој всушност, сакал, да каже сѐ, ова што треба да биде напис нема никаков текст, само скриншот од фејсбук-објава! Станува збор за еден од многуте примери низ интернет-порталите во кои се уриваат сите стандарди на новинарско пишување, бидејќи овде најмалку има новинарство, а уште помалку има пишување. Се работи за класична злоупотреба на медиум во кој, поради статус на „Фејсбук“ на неистомисленик, се употребува највулгарен речник за негова дискредитација. Недолични зборови и за усна комуникација, а камоли ставени во пишана форма и кои, впрочем, читателската публика нема апсолутно никаква потреба да ги консумира.

 

BetmenЛинк до оригиналниот напис: Бетмен пушит активиран од режимот да ги јаде лајната кои ни Филип Петровски не сака да ги изеде, се заканува ќе тепал се од Шарената револуција

Датум и време на објавување: 06.06.2016

Датум на рецензија: 08.06.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

Насловот, кој воедно е и целиот текст, е долга навреда за Богдан Илиевски, алиас Бетмен велит, кој во статус на „Фејсбук“ го изразува својот став по повод барањата на „Шарената револуција“ и датумот до кој демонстрантите очекуваат тие да бидат исполнети. Но, несогласувањето со нечиј став не дава право да се употребува навредлив и недоличен говор.

Овој „напис“ е еклатантен пример за кршење на упатствата и на препораките од членот 11 од Кодексот на новинари, предадени во Прирачникот за етика во новинарството (стр. 22), во кои се вели дека „Јазикот на новинарите секогаш треба да биде одмерен и неутрален, наспроти оној што нуди готови заклучоци и судови и е или се граничи со говорот на омраза. Секогаш треба да се избегнуваат фрази кои во себе носат шовинистички, сексистички или какви било други дискриминаторски конотации“.

 

НЕДОЛИЧНА ИНОВАЦИЈА

„Бетмен пушит активиран од режимот да ги јаде лајната кои ни Филип Петровски не сака да ги изеде, се заканува ќе тепал се од Шарената револуција“

Во материјалот што е предмет на рецензија се воведува некоја нова, непозната и несоодветна форма на комуникација со читателската публика, во која наместо текст се ставаат принтскинови од статус на „Фејсбук“ и текст по чијшто повод е напишан тој статус. Постојат новинарски правила на пишување како истото може да се каже и низ текст… Но, повторно, соочени со содржината, се прашуваме која е потребата од пласирање вакви „работи“ и кој е општиот јавен интерес за негово пишување.

Според членот 5 од Кодексот на новинари, предадени во Прирачникот за етика во новинарството (стр. 19):

Јавниот интерес вклучува информации кои можат да придонесат за откривање на: криминално дело, злоупотреба на положба од страна на носител на јавна функција, загрозување на демократијата, корумпираност, случаи на неправда, кршење на човекови права, дискриминација, загрозување на здравјето и безбедноста на луѓето, немарност и/или неспособност на јавните функционери. Јавниот интерес, исто така, вклучува информации кои им помагаат на луѓето да донесат одлуки од јавен карактер и го спречуваат заведувањето и манипулацијата со населението со изјави или постапки на поединци или организации.

Бидејќи материјалот што е предмет на рецензија нема текст, тој не го задоволува минималното ниво на содржајност и на сеопфатност. Се употребува навредлив и говор за дискредитација на личност со која се нема ист став.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

нема факти, само навреди

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Поставен е принтскин на кој што се реагира во текстот

релевантни

принтскрин

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

нема контекстуални линкови

неповрзан со тагови