Каква врска има смената на командир со удар во националното ткиво?
Објавено во Рецензии
on 5 - 04 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Спасовски продолжува да се пазари со македонските национални интереси]
Оваа објава нема никаква врска со новинарски текст. Има сензационалистички наслов и содржи информација која е употребена за наведување и за убедување на читателот во нешто што нема никаква врска со реалноста и со фактите, она што е нјаважно во еден новинарски производ.
Линк на оригиналниот напис: Спасовски продолжува да се пазари со македонските национални интереси
Датум и време на објавување: 31.03.2016
Датум на рецензирање: 04.04.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
НАФРЛАНИ ОБВИНУВАЊА
„Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ продолжува да се пазари со македонските национални интереси.“
На почетокот од текстот, како и во самиот наслов, на читателот му се наметнува теза дека министерот за внатрешни работи се пазарел со националните интереси. Ова е едно тешко обвинување за кое треба да постојат цврсти факти и докази.
„По негова сугестија, на советот на општина Дебар, сменет е досегашниот командир на ПС-Дебар, Рашит Исмајлоски.“
Ова е единствената инфорамција што ја содржи овој напис, иако останува да лебди во воздух прашањето дали е точно дека тоа е направено по негова сугестија. Нема изјава од Спасовски, а информацијата не е потврдена од ниту една друга страна, на пример, од Општината.
„Македонците, православни и муслимани, овој потег на Спасовски го толкуваат како уште еден удар врз националното ткиво и губење на уште една важна позиција во регионот.“
Кои се тие Македонци, православни и муслимани, каде се нивните изјави и на кој начин тие ваквиот наводен потег на Спасовски го поврзуваат со уште еден удар врз националното ткиво? Каква врска има смената на командирот на ПС-Дебар со некаква важна позиција во регионот? Ништо не е објаснето. Важно има обвинувања и тоа неосновани и нелогични. Очигледно е дека станува збор за напад врз Спасовски по секоја цена, без притоа да се избираат начини и средства и, што е најважно во новинарската работа, факти и докази. Поради тоа, може да се заклучи дека овој текст е една голема манипулација и произволно толкување.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови