verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Како тендерот за кетеринг на Архивот од 5 илјади стана 5 милиони евра

on 13 - 02 - 2020       

[Рецензија: 5 (пет) милиони евра за кетеринг за Државен Архив а немате 50.000 евра за награда за екипата на „Медена земја“?!?]

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова на „Твитер“ сподели објава со која шири дезинформација дека Државниот архив распишал тендер за кетеринг вреден пет милиони евра. Цветанова се повикува на тендерот објавен на Бирото на јавни набавки (објавен и на „Тајм“),  а во кој има очигледна грешка – на реалната сума од 354.000 денари биле додадени три нули, па износот станал 354.000.000 денари.

Линк до оригиналниот напис: 5 (пет) милиони евра за кетеринг за Државен Архив а немате 50.000 евра за награда за екипата на „Медена земја“?!?

Датум и време на објавување: 12.02.2020

Датум на рецензија:13.02.2020

Рецензент: Силвана Жежова

Иако, лесно може да се види дека станува збор за грешка, сепак Цветанова како да е убедена во точноста на сумата ја шири по социјалните мрежи како своевиден доказ за недомаќинското трошење на парите на граѓаните.

5 (пет) милиони евра за кетеринг за Државен Архив а немате 50.000 евра за награда за екипата на „Медена земја“?!? @VladaMK https://t.co/fOBPdry0Sk

— Ganka Cvetanova (@gankacv) February 12, 2020

Од Одлуката за јавна набавка што ја донел Државниот архив  се гледа дека станува збор за грешка, односно дека тендерот чинел 300.000 денари или 5.000 евра.

Исто така, директорот на Државниот архив, Емил Крстески реагираше дека во конкретниот случај е направена техничка грешка и  кажа дека лицето одговорно за јавни набавки признало дека погрешило.

По опсежните разговори со вработените во финансискиот сектор на Државниот архив е утврдено дека лицето одговорно за јавни набавки направило наводно ненамерна техничка грешка додавајќи на сумата за кетеринг предвидена за цела 2020 година уште 3 нули. Со тоа сумата од 300.000 која е предвидена за кетеринг на изложби,промоции и гости од странство, кои и не мора да бидат потрошени станале 300.000.000 (триста милиони). Тој и самиот го призна тоа и против него веднаш е поведена дисциплинска постапка за несовесно работење,- изјави Крстески.

Цветанова како поранешна министерка за култура би требало да знае дека Државниот архив нема толкав буџет од 354.000.000 денари на годишна основа, а камоли да распише тендер за кетеринг од пет милиони евра! Целиот буџет на Државниот архив за годинава изнесува 151 милион денари (2,4 милиони евра) од кои околу 90 милиони се за плати (1,4 милиони).

Па оттука, доколку се сакало да се биде објективен, лесно може да се утврди дека таа сума е нереална и се работи за грешка. Но, очигледно дека намерата била да се издраматизира целата ситуација и во јавноста да се креира слика дека власта аздисува со трошење на народни пари.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ