Како не треба да изгледа еден новинарски текст
Објавено во Рецензии
on 12 - 11 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Кој лаже – Хан или перјаниците на СДСМ?]
Ова е толку конфузен текст што може да се опсервира во некоја научна установа како пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски производ. Нема ниту глава, ниту опашка. Нема правила, ги нема занаетските моменти, нема докази, не е содржаен, не е објективен и, на крајот на краиштата, не е вистинит.
Линк до оригиналниот напис: Кој лаже- Хан или перјаниците на СДСМ?
Датум и време на објавување: 10.11.2015, 11:58
Датум на рецензирање: 12.11.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
Написот почнува со констатација дека поради ВМРО-ДПМНЕ Македонија добила препорака, а поради СДСМ добила услов. Цело време се обвинува една опозициска партија за неуспехот на државата. Секако дека морале да знаат дека владејачка партија во моментов во Македонија е ВМРО-ДПМНЕ. И таа е одговорна за политиките што ги спроведува. Значи, таа има и обврски и одговорности. Не ли им текнало на новинарите во овој медиум дека имаше прислушувани материјали, па од нив произлегоа еден куп корупциски моменти. Па, дека поради тоа имаше Договор од Пржино, па се избра специјален јавен обвинител, па СДСМ влезе во влада, па на 24 април 2016 година ќе има избори… Или овие моменти не му биле познати ниту на новинарот, ниту на уредникот.
Потоа се вадат некои ликови од социјални мрежи, се етикетираат како опозициски и се навредуваат јавно. Притоа, никаде не може да се провери дали навистина личноста што се напаѓа е член на СДСМ. Па, дури и ако е, нема право на коментар?
И на крајот, мора да се потсетат колегите дека дури и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, самиот изјави дека за препораката ќе се разговара повторно по изборите, што не е далеку од вистината дека нема препорака.
Сè на сè, ова е една несериозност од текст. Без ниту еден момент за да биде вистински професионален производ. Затоа и денеска беше предмет на рецензија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови