Каде видоа повик на крвопролевање?
Објавено во Рецензии
on 16 - 06 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Американска телевизија повикува на крвопролевање на Балканот]
Во механизмите на пропагандата има еден познат принцип кога „сто пати повторената лага, станува вистина“. Раководено од една таква максима, пропагандистичкото новинарство упорствува на позицијата на непрофесионализам, односно, многу поточно, на слугувањето на пропагандата.
Но, тој принцип на пропагандата има и свои контраефеткти, нуспроизводи, кога изворот на пропагандата почнува да верува во сопствените лаги. Тоа е таа забегана фаза, чии симптоми ги препознаваме во медиумската содржина што ја рецензираме.
Како прво, неколку лажни факти изнесени во овој текст: N1 не е американска компанија. Се работи за мултинационална ТВ-компанија, регистрирана како регионална и локална ТВ-платформа (ТВ, веб, мобилна) со интернационален капитал, во кој удел има и Европската банка за обнова и развој. Мрежата има продукциски центри во Белград, Сараево и во Загреб. Линковите во претходната реченица ќе ви го потврдат тоа.
Како второ: Најмалку е компанија на ЦИА како што стои во поднасловот на текстот.
И, кога би биле безобразни, по констатацијата за лагите врз кои се потпира оваа информација, рецензијата на нејзината содржина и постапка, стануваат бесмислени, бидејки мотивацијата зад овој текст е разобличена.
Но, да бидеме доследни на нашата методологија за проверка на фактите од медиумите.
Линк до оригиналниот напис: Американска телевизија повикува на крвопролевање на Балканот
Датум и време на објавување: 14.06.2016, 15:50
Датум на рецензирање: 06.06.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
КРУНСКИОТ „ФАКТ“
Да ги соочиме со реалноста „тезите“ изнесени во оваа содржина. Во неа има два директни цитатa од новинарски прилог на телевизијата Н1, од кои се извлекува крунскиот „факт“ дека телевизијата повикува на крвопролевање. Еве го првиот:
„Свирки, транспаренти и балони, луѓе обединети во различни интереси. Граѓаните на Србија три пати излегоа поради рушењето во Савамала, два пати поради промената на јавниот сервис на Војводина“.
Еве го и вториот:
„Балканската пролет ова лето е на раскрсница помеѓу потрошените политички идеи и новата граѓанска енергија. Кој пат е вистинскиот?“
И каде, ви се молам, тука може да се види „повик за крвопролевање?“
БОЛКАТА НА ТЕКСТОТ
Има уште еден интересен момент скриен во овој цитат, кој е заклучок на авторите:
„Поканите (за промени, н.з.), и во двата случаи, не се упатени од политички партии. Дали тоа е исклучиво граѓанско незадоволство или е во прашање нов политички активизам?“
Како да барањата за промени се ексклузивно право на политичките партии, а никако на граѓаните. Оваа лажна дилема, всушност, ја открива болката што го мачи овој текст: граѓанскиот активизам.
Новинарите, со професионален интегритет, не смеат да си дозволат такво нешто: еднострани, врамени и наменски информации кои се многу очигледни во намерата.
Се открива и уште недозволива улога – заземањето страна. Содржината пред нас се става во одбрана на медиумската хајката што во Белград ја прават провладините медиуми предводени од „Информер“ и слични.
Останатото во веста се непоткрепени информации за финансирање на граѓанските протести како заговор на САД и на ЕУ, кои се веќе видени и сега се шират низ регионот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови