verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Југохром“ е затворен заради непоставување филтри на оџаците и заради ништо друго

on 6 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Македонци и Албанци останаа без работа од Југохром, а Тетово е повторно најзагаден град]

 

Текстот што го рецензираме има селективен пристап кон проблемот со загадувањето, така што како пример е земен градот Тетово, а притоа не се зема предвид, на пример, дека и жителите на други загадени градови, како и на Скопје, во текот на минатата година дишеле загаден воздух со високи концентрации на ПМ1- честичките меѓу 145 и 177 денови. Слична е состојбата и со другите градови, но во текстот нивните градоначалници не се повикани на одговорност, како што е повикана градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

teutaЛинк до оригиналниот напис: Македонци и Албанци останаа без работа од Југохром, а Тетово е повторно најзагаден град

Датум и време на објавување: 03.02.2017

Датум на рецензирање: 03.02.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

ПОГРЕШНО ЛОЦИРАНА ОДГОВОРНОСТ

Написот почнува со обвинувања кон градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, и неколку невладини организации на Сорос за затворањето на „Југохром“.  Но, вистината е дека вината не треба да се бара ниту во Арифи ниту во организациите, на кои не им се спомнати ниту имињата, туку за нив постои само квалификацијата „организации на Сорос“.  Раководството на „Југохром“ ги исклучи печките по одлуката на државниот инспекторат за животна средина, поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече на 31 октомври 2016 година. Притоа, овде воопшто не се спомнуваат и наодите на невладината организација „Еко-герила“ кои покажуваат дека без „Југохром“, воздухот во Тетово е многу помалку загаден.

„Градоначалничката на Тетово Теута Арифи заедно со неколку невладини организации на Сорос бараше затворање на фабриката Југохром, со тврдење дека таа го загадува градот и ги труе тетовчани“.

Понатаму во текстот, невладините организации индиректно се обвинуваат дека тие се виновни што 700 работници (потенцирана е и етничката припадност), останале без работа, а семејствата без приходи:

„Под тој притисок Југохром се затвори пред неколку месеци и 700-тини работници, Македонци и Албанци, останаа без работа, а нивните семејства без приходи“.

Судбината на вработените, кои својот став за почнување со работа на фабриката го кажаа и на протести, а кои притоа не се спомнуваат во текстот, пред сè зависи од одлуката на менаџменатот, а не од градоначалничката или, пак, од невладините организации.

Проблемот со загадувањето на Тетово постои долго време, но се поставува прашањето за тајмингот за повикување на градоначалничката Теута Арифи на одговорност, „за непреземање посериозни мерки четири години за ублажување на оваа ситуација во Тетово“. Текстот е едностран, политички пристрасен и несеопфатен со погрешно лоцирање на одговорноста на надлежните за непреземање на мерки. Насловот е тенденциозен и ја дезинформира јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови