Јавноста, жртва на неточности
Објавено во Рецензии
on 19 - 02 - 2016 Автор: Agron VrangallaНапис: Изборите се одлагаат за април 2017 година, се формира техничка влада?!…
Големи се шансите предвремените парламентарни избори да не се одржат во 2016 година, но да се одложат за март или април во 2017 година, кажуваат за „Лајм“ високи партиски извори вклучени во преговорите.
Во меѓувреме, овие информации ги потврдиле и дипломатски извори во Скопје. Според нив, во меѓувреме ќе се формира техничка влада, проширена со сите четири најголеми партии, која ќе направи сериозна подготовка за следните избори. За време на мандатот на оваа проширена влада, се очекува да се реши и прашањето за името, додека Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе почнат преговорите за членство во ЕУ. Нашите извори кажуваат дека меѓународните набљудувачи заедно со претставниците на партиите во Македонија почнале преговори за деталите за реализација на оваа идеја.
[Рецензија: „Изборите се одлагаат за април 2017 година, се формира техничка влада?!… “]
Веста објавена на порталот „Ускана сот“ беше единствената што предупредуваше за одложување на изборите за датум кој не е спомнат од никого досега. Еден наслов со претерана храброст кажува дека изборите ќе се одржат во април идната година. Според оваа вест, ова се дознава од високи партиски извори, но овие извори не се спомнати никаде.
Линк до оригиналниот напис: Изборите се одлагаат за април 2017-та година, се формира техничка влада?! …
Датум и време на објавување: 05.02.2016
Датум на рецензирање: 08.02.2016
Рецензент: Агрон Врангала
Освен тоа што се вели дека ова е кажано од партиски извори вклучени во преговорите, таму се појавува и еден нов извор, односно дипломатските извори во Скопје, кои ја потврдиле оваа вест.
За веста да изгледа уште поубедливо, како нејзин заклучок се наведува и третиот извор, или поточно „нашите извори“, што сведочат дека меѓународните набљудувачи ги почнале преговорите со политичките партии за одложување на изборите до идната година. Вака како што е напишана, веста изгледа добро. Како таква е јасна, сè е разбирливо. Проблемот е колку истата е веродостојна. Тука доаѓаме и до главната идеја, а таа е: каде се најдени, како се најдени овие анонимни извори и зошто овој портал е единствениот што поседува ваква информација?! Дури и излегува дека сите извори се потврдени!
Што е препорачливо да се направи во вакви случаи?
Сите медиуми имаат право да објават тоа што сакаат, единствено ако е исполнет еден услов – располагање со изворите. Изворите имаат име и презиме, имаат јазик на кој зборуваат и имаат бонтон за да му дозволат на новинарот да ги цитира или парафразира во својата вест. Случајот на нецитирање на изворите треба да биде многу редок и тоа кога се случува на барање од изворите и во вонредни случаи.
Во Етичкиот кодекс на новинарите пишува:
Треба јасно да бидат поделени кои се факти, а кои информации и кои се коментари, хипотези или ставови на авторот за да се избегне дезинформирање и манипулација со јавноста.
Кога една интернет-страница се создава само за да произведува вести, редно е да и стои верна на нејзината првична цел. Јавноста нема никаква обврска да биде предмет на неточности.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови