Јавноста е „закон“, а не новинарот!
Објавено во Рецензии
on 25 - 12 - 2015 Автор: Adrian KerimiНовинарот не е тој што треба да му даде етичка конотација на настанот. Сè што треба да направи еден професионален новинар е да известува. Елементите и деталите што ни ги носи новинарот преку својот напис, се основа според која јавноста ќе оценува или ќе вреднува дали едно дело или однесување е позитивно, негативно, добро, лошо, срамно или етичко.
Линк до оригиналниот напис: „ „Срамна“ сообраќајна тепачка”
Датум и време на објавување: 19.11.2015
Датум на рецензирање: 19.12.2015
Рецензент: Адриан Керими
Рецензираната вест е тенденциозна и омаловажувачка, затоа што авторот без никакво право категоризира. Станува збор за еден конфликт кој, ако беше вистинит, би требало да се потврди од полицијата.
Ако веста била за тепачка што следувала по една сообраќајна несреќа, тогаш новинарот прво треба да известува за направената штета и за можните жртви, а потоа да објаснува каква атмосфера следувала по несреќата. Меѓутоа, од текстот, се забележува дека новинарот не бил на местото на настанот затоа што во веста не се наведени елементи како што се местото и времето кога се случила сообраќајната несреќа, елементи кои се многу важни кога се известува за настани од ваква природа.
„На срамот на сообраќајот во Скопје сега му е додадена и тепачката меѓу шоферот на еден од автобусите на ЈСП Скопје и група тинејџери. Како што се вели, причина за вчерашната тепачка бил судирот на еден автомобил со автобусот, при што автобусот на ЈСП претрпел само помали оштетувања.“
Без да понуди повеќе информации, текстот завршува со: „Мотивите за тепачката сè уште се непознати“. Тогаш, што доби јавноста од овој напис?!
Една изрека вели: „Го отепа волкот, фрли го во ендек“. За да ја заврши работата, новинарот требало да побара и официјален став од полициските органи. По овој завршеток, читателот целосно се информира околу тоа како продолжил или како завршил настанот! Поради ова, новинарската етика условува балансираното известување да се потпира на најмалку три извори. Што ако „тинејџерите“ биле тие што го возеле автомобилот што удрил во автобусот без да имаат возачка дозвола? Зарем не би било и тоа вест? Што ако возачот на автобусот возел под дејство на алкохол? Зарем ова не би можело да биде скандал и загрозување на сигурноста на патниците? Овие се причините поради кои, за да стигне до деталите за настанот, авторот секогаш треба да се повикува и на полициските извори.
Во Етичкиот кодекс на новинарите, за непотврдените информации пишува:
Доколку новинарот процени дека непотврдената информација е од јавен интерес, тој е должен да ја објави истата, но со јасна назнака дека се работи за непотврдена информација.
Новинарот може да објави и информација за која нема многу докази, но за која има доволно индикации дека е вистина, односно за која постои основано сомневање. Под основано сомневање подразбираме презентирање на разумни аргументи кои се индикатор дека нешто е вистина, но без да се има конкретни докази за вистинитоста.
Објавувањето на информации кои имаат статус „доверливи“ е можно тогаш кога ќе се утврди дека правото за информираност на јавноста е поголемо од правото за почитување на причините за доверливост на информацијата.
(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
Можно е да има
Можно е да има
наклонетост
друга пристрасност,
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
наведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови