Јавен повик за набавка на услуга: Веб-апликација за архивирање медиумски содржини
Објавено во Активности
on 16 - 07 - 2015 Автор: AdministratorФондацијата „Метаморфозис“ објавува јавен повик за набавка на услуга веб-апликација за архивирање медиумски содржини. Повикот е во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“, имплементирана од „Метаморфозис“. Проектот има цел да им овозможи на граѓаните на Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални стандарди, преку обезбедување интернет-алатки и ресурси за јавна едукација и за подигнување на јавната свест.
Целта на набавката е изработка на веб-апликацијата за архивирање содржини од медиумите што ќе овозможи зачувување на содржините од веб-страниците кои се селектирани од корисници и автоматски избрани веб-страници, како и нивна автоматска обработка.
Официјалната комуникација во врска со повикот може да биде на македонски или англиски јазик.
| Документи за преземање | Тип на документ | |
| Целосниот повик за набавка | .docx | .odt |
| Упатство за понудувачите | .docx | .odt |
| Договор за набавка на услуги | .docx | .odt |
| Опис на услугата | .docx | .odt |
| Образец за техничка понуда | .docx | .odt |
| Образец за финансиска понуда | .docx | .odt |
| Евалуациона табела | .docx | .odt |
