Јанева никогаш не се залагала за двојазичност
Објавено во Рецензии
on 23 - 09 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: Катица Јанева чека по телефон некој да ѝ ги испрати одговорите на прашањата од пратениците!]
Ова е уште еден текст од серијата напади на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Таа е под постојана „тортура“ од медиумите наклонети на владејачката партија, кои без грам професионалност штанцаат текстови за да ја дискредитираат. Таков е и овој текст.
Линк на оригиналниот напис: Катица Јанева чека по телефон некој да ѝ ги испрати одговорите на прашањата од пратениците!
Датум и време на објавување: 22 Септември 2016, 14:12
Датум на рецензирање: 23.09.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА СЕ ОЦРНИ ЈАНЕВА
„СЈО и Јанева покажа незнаење за тоа што е демократија и политички систем. Не знаете што е по Устав и дефиниција народен пратеник. Успеавте еден од најискусните пратеници овде, г-ѓата Роза Топузова да ја изнавредите со тоа што и рековте дека зад неа не стојат гласачи. Зад вас кој стои, г-ѓо Катица Јанева? Пуштете телевизор, ако знаете англиски, бидејќи се залагате за двојазичност и гледајте BBC да видите како изгледа англиски парламент и да видите дека таму има цел блок на независни пратеници. Но изгледа терминот независен пратеник воопшто не ви е познат. Тоа се учи во училиште, а не во турбофолк средина, рече Солза Грчева.“
Oд настапите на пратеници во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, конструирана е невистина. Не е вистина дека специјалната јавна обвинителка некогаш и некаде се залагала за двојазичност. Такви записи нема. Инаку, ова наликува на нападите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за наводно залагање за двојазичност што, исто така, е спин, а „Сервис за проверка на факти во медиумите“ правеше и рецензија. Тоа што оваа теза потоа се пренесува на Јанева е недозволиво и тоа што барем најмалку требало да се направи е написот да се огради од ваквите невистини искажани на комисиската расправа. Сепак, такво нешто во текстот нема.
На специјалната јавна обвинителка, исто така, ѝ се забележува зошто не ставила слушалки кога зборувал пратеник Албанец, па текстот прашува дали обвинителката знае албански?! А зошто би се проблематизирало тоа дали некој знае албански јазик? Јазиците се богатство и треба да бидат гордост, а не место за мегдан.
САМО ЕДНА СТРАНА
Тезата пласирана во насловот, пак, е извадена од говор на една пратеничка:
„Видовме вчера дека не сте способна на ниедно прашање веднаш да одговорите. Чекавте по телефон некој да ви ги испрати одговорите, а суфлерите позади вас веќе беа снимени од камерите. Вие кога зборуваше Рафиз Алити не ги имавте ставено ни слушалките. Дали можеби разбирате албански? Како потоа му одговоривте? – истакна Грчева.“
Нејзиниот исказ се зема како неприкосновена вистина и се пласира во насловната конструкција, без да се посочи дека тоа е став на една пратеничка.
Сосема е во ред еден новинарски напис да пренесе изјава од пратеник, но сепак, тоа не може да биде земено како единствен факт и на него да се темели целиот текст. Професионалниот пристап подразбира да се провери кажаното и на некој начин да се докаже изнесеното тврдење, за да може јавноста да се увери дека тоа е навистина така. Меѓутоа, ваква проверка нема во написот, кој фактички безрезервно верува во тоа што го говори пратеник критички настроен кон Специјалното јавно обвинителство. Текстот нема ниту изјава од Јанева, а и пратеничката не е дополнително прашана за да појасни од каде ѝ се нејзе таквите информации.
Очигледно е дека во написот намерно се пренесени само делови од дикусиите на двете пратенички од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедници (иако во Комисијата има повеќе членови), за да се направи спинерска конструкција во која ќе се оцрни специјалната јавна обвинителка.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови