Јанева не смее ни апче да се напие!
Објавено во Рецензии
on 22 - 09 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: (Видео)КАТИЦА ЈАНЕВА НА АПЧИЊА ВО СОБРАНИЕ: Дали Катица Јанева има деловна способност да ја врши функцијата која што и е доверена?]
Ова е еден срамен текст, надвор од сите норми и правила, кој во никој случај не може да се нарече новинарски. Текстот има цел да ја навреди специјалната обвинителка Катица Јанева, да ја претстави како психички нестабилна личност, доведувајќи ја на тој начин во прашање нејзината способност да си ја врши функцијата за која е избрана.
Линк на оригиналниот напис: (Видео)КАТИЦА ЈАНЕВА НА АПЧИЊА ВО СОБРАНИЕ: Дали Катица Јанева има деловна способност да ја врши функцијата која што и е доверена?
Датум и време на објавување: 21.09.2016
Датум на рецензирање: 22.09.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
А МОЖЕ ЛИ ЈАНЕВА ДА ПИЕ ВИТАМИНИ?!
Интенцијата на написот се гледа уште во насловот. Да се манипулира јавноста и да се создаде погрешна слика кај читателот, за да се урне личноста на специјалната обвинителка, доведувајќи ја во прашање нејзината деловна способност.
Со други зборови, написот има цел да ја претстави Јанава како растроена личност која пие апчиња и која не е при здрава свест во вршењето на функцијата.
Но, каде се фактите за ваквите тврдења? Фактот во овој текст е една фотографија направена во парламентот за време на нејзиното излагање пред пратениците околу извештајот за шестмесечната работа на СЈО.
На фотографијата се гледа како Јанева пие апче, но нејасно е за какво апче станува збор. Можеби е витамин, можеби е антибиотик, можеби е парацетамол, може да биде сè! Во написот нема одговор на ова прашање ниту, пак, е побаран одговор од специјалната обвинителка.
„Очигледно е дека има проблеми со интелектуалниот капацитет, со вниманието кое и е нарушено и со краткотрајната меморија. Кога на ваквата симптоматологија ке се надодаде и неконтролираното смеење и лажењето, како и патолошката потреба за луксузен живот и вештачката големина од која пати, стануа јасно дека Катица Јанева се соочува со психички проблеми“.
Ете, тука имаме дијагноза, но не од лекар, туку дијагноза поставена врз сопствено видување, што е недозволиво за еден новинарски производ.
Очигледна е намерата на овој напис, а тоа е да се дискредитира обвинителката Јанева и таа да се прикаже во поинакво светло за да се отфрли нејзината работа.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови