Јахта на тркала!
Објавено во Рецензии
on 3 - 03 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Дали е ова јахтата на Шеќеринска?]
Текстот прави катастрофално промашување. Кажано со фудбалски жаргон – наместо пенал, шутира од офсајд. Написот е со „вродена маана“, заборавено е да се приложи крунскиот фотодоказ за наводната „јахта“ на вториот човек на опозицијата и наместо него „залепена“ е фотографија од камп-приколка. Резултатот е хумористичен, како што констатираат и читателите во коментарите под статијата.
Линк до оригиналниот напис: Дали е ова јахтата на Шеќеринска?
Датум и време на објавување: 28.02.2016 13:27
Датум на рецензирање: 01.03.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
УТНАТА ФОТОГРАФИЈА
Имаме материјал што требало да се приклучи на јатото текстови за тоа дека во хангар во една скопска населба е паркиран глисер, за кој се тврди дека е сопственост на Радмила Шекеринска и се поврзува со нејзиниот лански одмор во Грција, каде таа беше фотографирана со нејзиното семејство.
Оригиналниот напис, односно „екслузивката“ од која потекнува текстот, има и видеозапис што навистина покажува пловило, со карактеристично име, сместено во еден објект. Но, за разлика од оригиналот, копијава ги нема клучните мултимедијални елементи што би требало да ја дообјаснат приказната. Имено, наместо бротчето, глисерот или јахтата, како што некои милуваат да кажат, на читателите им е презентирана фотографија од нешто сосема друго – од приколка што ја влече камион. Значи, нема ниту „Ј“ од фамозната јахта.
Како вели народната изрека: „Брза кучка слепи кучиња раѓа“. Така и во овој случај – се презела најневажната фотографија од тоа што било на располагање. Видеоснимката во оригиналниот материјал покрај т.н. јахта покажува и приколка, најверојатно таа што е искористена за фотоилустрација, која е неважна во приказната што треба да ни го долови луксузирањето на опозиционерката. Ете што се добива кога ќе се помешаат различни превозни средства, де на копно, де на море.
Исто така, текстот прашува: „Дали е ова јахтата на Шеќеринска“, а од друга страна, воопшто не ѝ се јавиле на спомената личност за да обезбедат нејзин коментар. Па, нели тоа е едно од златните новинарски правила, да се слушне и втората страна.
А, кога веќе се прашува „Дали е ова јахтата на Шеќеринска“, би рекле не. Зошто? Затоа што на фотографијата не се гледа „јахта“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови