Извртени аргументи за политичка манипулација
Објавено во Рецензии
on 26 - 02 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Падна договор: Македонија оди на избори]
Текстот што е предмет на оваа рецензија ги извртува фактите и на тој начин прави спин, со намера да создаде погрешна слика за тоа што се случуваше на 23 февруари 2016 година, дента кога се очекуваше пратениците да пресечат дали ќе ја поништат одлуката за распуштање на парламентот или не.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Падна договор: Македонија оди на избори
Датум и време на објавување: 23.02.2016
Датум на рецензирање: 25.02.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
КОЈ ИНСИСТИРАШЕ ЗА ИЗБОРИ ВО АПРИЛ?
Уште во првиот дел од написот, исто како и во насловот, има извртување на фактите.
„Изборите ќе се одржат на 5 јуни. Ваков договор доцна вечерва паднал меѓу политичките партии, дознава Press24од високи дипломатски извори вклучени во преговорите.“
Договорот за датумот за избори не бил постигнат меѓу сите четири партии потписнички на Договорот од Пржино, туку само три од нив се согласиле изборите да се одржат на 5 јуни. Тоа вечерта го соопшти поранешниот кандидат за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски. Тој на својот твитер-профил напиша:
„Вечерва не е постигнат договор на четирите партии за 5ти јуни! Три партии повторно ја ставаат во залог Македонија“.
Извртувањето на вистината продолжува и подолу во текстот.
„По целодневно натегање СДСМ конечно попушти и се согласи одлуката за распуштање на Собранието да се поништи…“
Ова тврдење не е точно, бидејќи СДСМ бараше одложување на распуштањето на парламентот и на датумот за избори, имајќи ја предвид оцената на меѓународната заедница дека нема услови за фер и демократски избори на 24 април. Спротивно на опозицијата, владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека оцената на ЕУ и на САД е без аргументи и беше црвсто решена да се оди на избори на 24 април.
Според тоа, нелогично е да се тврди дека СДСМ „конечно попушти и се согласи одлуката за распуштање на Собранието да се поништи“. Тоа целосно отстапува од вистината, а изгледа и смешно.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови