Извртена изјава од Фрчкоски, претставена како став на СДСМ
Објавено во Рецензии
on 5 - 01 - 2017 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: „План за живот“ на СДСМ: Затворање на факултети, бркање на студенти и професори на улица]
Манипулативен и едностран текст кој преку испревртување на фактите и додавање неточни информации, конструира една лажна слика преку која се наведува читателот да оформи негативен став за СДСМ.
Линк до оригиналниот напис: „План за живот“ на СДСМ: Затворање на факултети, бркање на студенти и професори на улица
Датум и време на објавување: 02.01.2017, 10:44
Датум на рецензирање: 04.01.2017
Рецензент: Симона Атанасова
МАНИПУЛАЦИЈА
Текстот свесно ја манипулира јавноста дека СДСМ, доколку дојде на власт, ќе ги затвори дисперзираните факултети, ќе ги избрка студентите и сите професори на улица:
„Илјадници семејства сè уште се сеќаваат на отказите и мачниот живот кој им го сервира оваа партија. А дека ништо не е променето и дека не учат од грешките во минатото, е фактот што нивните најголеми „експерти“ и професори кои ги бранат нивните политики на граѓаните им соопштуваат што ќе ги чека доколку СДСМ дојде на власт“.
Текстот се повикува на изјава на професорот Љубомир Фрчкоски кој, инаку, нема апсолутно никаква функција во СДСМ туку говори во свое име како професор на Правниот факултет. Не може и не смее сè што тој кажува да се земе како став на партијата во која некогаш бил функционер. Освен тоа, тој никаде експлицитно не вели дека треба да се затворат дисперзираните факултети.
ЛАЖНА СЛИКА
Текстот уште во самиот наслов манипулира велејќи „План за живот“ на СДСМ, алудирајќи на партиската програма за предвремените избори на 11 декември наречена „План за живот во Македонија“.
Во програмата на СДСМ никаде не се споменува затворање на дисперзираните факултети, туку дека ќе се преиспита квалитетот на тие студиски групи.
Во изборната програма на СДСМ – План за животот во Македонија, во категоријата образование се вели:
„На факултетите, ќе ги приспособиме образовните програми кон пазарот на трудот, со можност и за пократки студиски програми што овозможуваат практични знаења на дипломираните студенти.
Воведувањето на дисперзираните студии се покажа како целосно образовно промашување, спротивно на големината на вложените средства.
Ќе се преиспитаат начинот на финансирање на високото образование и квалитетот на дисперзираните студиски групи. Предлагаме нов начин на управување со универзитетот, што ќе доведе до поефикасен и потранспарентен универзитет.
Низ призмата на овие стандарди, ќе се преиспита квалитетот на дисперзираните студии и на приватните универзитети, како и нивната општествено-економска оправданост и потреба“.
Во овој новинарски напис воопшто не се почитуваат етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите. Наместо точно, проверено и објективо да ја информира јавноста, овој пропагандистички текст ја искривува вистината и ја манипулира читателската публика.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови