verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Извозот бил „120.312.877.000 денари“ – од толку цифри се добива рак на очи

on 6 - 08 - 2015       

КАНАЛ 5-Телевизија0988776-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Извозот на стоки во првата половина од годинава 2.173.287.000 долари]

 

Ова не е вест. Вест вака не се пишува. Ова е текстуален вовед на Државниот завод за статистика (ДЗС), кој се однесува на табеларното соопштение од шест страници за трговската размена на земјава во првата половина од 2015 година. Таквиот вовед, напишан со неновинарски јазик, туку со јазикот на статистиката, непроменет и ист онаков каков што е на веб-страницата на ДСЗ, преземен е од државната новинска агенција МИА за на крај да се најде и овде, пред читателската публика со претензии да глуми вест. Арно ама, еден вовед во соопштение напишан со технички јазик и натежнат од 12-цифрени суми во три различни валути не може да биде вест, колку и да сака да се прикажува како таков.

КАНАЛ 5-Телевизија0988776-0987Линк до оригиналниот напис:  Извозот на стоки во првата половина од годинава 2.173.287.000 долари

Датум и време на објавување: 05.08.2015, 14:37

Датум на рецензирање: 06.08.2015

Рецензент: Владимир Петрески

Најпрвин за огромните 9-цифрени, 10-цифрени и 12-цифрени суми во три различни валути. Зошто морало да се пишува „120.312. 877.000 денари“ или „2.173.287.000 долари“? Овие износи се тешки и за очите и за умот. Треба да се бројат цифрите и да се посветува значително внимание за да се запомни дали станува збор за стотици, десетици или единици милијарди денари, долари или евра. Со ваквиот начин на изразување се бара премногу енергија од читателот, кој сигурно нема да ја вложи и ќе се откаже уште кога ќе ја види 9-цифрената бројка во насловот. Зошто било толку тешко наместо „120.312. 877.000 денари“ да се напише „120 милијарди денари“? Во еден наслов и во три реченици има 10 суми секоја со повеќе од девет цифри. Тоа е едноставно премногу.

Настрана, фактот, пак, што тие цифри ништо не кажуваат. Службеникот или лицето за односи со јавноста во Државниот завод за статистика, кое го пишувало овој вовед во соопштението на својата институција, воопшто не го интересирало дали тој ќе има или ќе нема читаност или дали ќе биде разбирлив за обичниот граѓанин. Кажани се четири показатели: колку изнесувал извозот, колку увозот, колку е трговскиот дефицит и колкава е покриеноста на увозот со извоз. Последниот показател е изразен во проценти, а првите три показатели се искажани во дури три валути секој.

Зошто имало потреба од искажување на извозот, на пример, во дури три валути. Која е информативната вредност на тој податок. Исто така, која е информативната вредност на податокот дека извозот изнесувал 2,17 милијарди долари, на пример, даден така сам по себе. Речиси никаква. Не знаеме дали ова ниво на извоз е поголемо од истиот период лани, што е, всушност, и најважно. Едноставно, не знаеме дали извозот се зголемува или се намалува. Ист е случајот и со увозот и со трговскиот дефицит. За ниеден од овие податоци не знаеме дали имаат тренд на пад или на пораст. Па, објавувањето на ваквите вести служи токму затоа – да осознаеме што се случувало на планот на надворешната трговија во првата половина од годинава – дали ни оди подобро или полошо, се зголемува ли извозот, се зголемува ли увозот или и двата опаѓаат, се зголемува ли трговскиот дефицит или не. Сите овие податоци ги има во табеларното соопштение на државната статистика, но ги нема во уводот на соопштението зашто на службеникот од ДЗС така му се сакало. Настрана фактот што тој не е ни новинар. Но, од друга страна, тешко е да се каже дека во синџирот на изработка и на пренесување на оваа вест било кој завршил каква било новинарска работа, воопшто.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни, нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови