Извитоперување на вистината
Објавено во Рецензии
on 6 - 07 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: ФОТО: Штетите направени во СПУКМ од ордите на СДСМ]
Невидена манипулација. Текст што изобилува со целосно извртување на фактите и на реалната ситуација на терен, при што пласира верзија на настаните која наликува како да е правена во центарот за комуникации на владејачката партија.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Штетите направени во СПУКМ од ордите на СДСМ
Датум и време на објавување: 01.07.2016 13:24
Датум на рецензирање: 02.07.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ЖРТВИТЕ ПРИКАЖАНИ КАКО ВИНОВНИЦИ
Вистинитоста не постои во овој напис. Поточно, изнесеното не можело да биде подалеку од вистината. Станува збор за целосно извртување на настаните поврзани со изборите за лидер на СПУКМ. Обидот е жртвите, во овој случај демократскиот процес и членовите на „Студентски пленум“, да се прикажат како виновници за кризата.
„Откако најпрво преку агитирање на лице место, навреди, попречување на новинари во вршење на својата работа, блокирање на изборниот процес и попречување на работата на изборните комисии се обида да го саботираат изборниот процес, тие подоцна се упатија во седиштето на СПУКМ каде предизвикаа штети“.
За најдобро да се види до каде оди „лудилото“ во пласирањето спинови и чисти невистини, прикажуваме фрагменти од текстовите на други медиуми чии новинари во живо ја следеа ситуацијата:
„Во моментов е тензично пред СПУКМ, каде собраните граѓани им опонираат на полицајците бидејќи кренале раце врз студентите. Некои од студентите кои беа дел од блокадата, беа присилно извадени од пред влезот на СПУКМ. Се скандира „Срамота“ и „Стоп за полициската бруталност“. ЕБР за пет минути го расчисти теренот а студентите се исфрлени надвор. Денешните студентски избори кулминираа со насилство и бруталност кога ЕБР пред седиштето на СПУКМ пристигнаа со оклопни возила и со целокупна опрема“, (НОВА ТВ, 30.06.2016).
„Никако да стивне тензијата пред седиштето на Студентскиот парламент на УКИМ, откако Единиците за брзо распоредување на полицијата насилно влегоа и ги истуркаа претставниците од Студентскиот пленум, кои го блокираа влезот на зградата. Денешните избори за нов претседател на СПУКМ се одвиваа претежно мирно, со повремени расправии помеѓу претставници на Студентскиот пленум и Парламентот. Тензијата настана кога гласачките места мораа да се затворат, па на Правниот факултет се појави група на луѓе, за кои Пленумот смета дека не се студенти, и насилно ги одзедоа кутиите, носејќи ги во канцелариите на СПУКМ. Во видеото, кое стигна до редакцијата на Радио МОФ, е прикажано како членови на СПУКМ со трчање носат дел од кутиите во Здравствениот дом, кој е во склоп на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу. Студентскиот пленум повика и полиција поради насилство и рушење на јавен ред и мир, која по неколку минути разговор со претставници на СПУКМ, без присуство на медиуми, излезе и кусо одговори дека нема надлежност да се меша во случајот“, (Радио МОФ, 01.07.2016).
„Ниту сите скандали и регистрирани нерегуларности кои го тресеа Студентскиот парламент не го предомислија да ги поништи изборите, што беше ултиматум од Студентскиот пленум. Многу нерегуларности го проследија вчерашните избори. Без печат на одредени факултети, гласање јавно без паравани, присуство на членови на УМС на ВМРО ДПМНЕ на Правниот факултет и туркање со студенти и насилно носење на гласачка кутија. Тие беа пренесувани со автомобили со регистарски таблички од Прилеп, Битола и други градови“, (Телма, 01.07.2016).
„Единицата за брзо распоредување од своите возила ги изнесе гласачките кутии, а комисијата при обидот да ги внесе избирачките кутии во СПУКМ беше спречена од страна на студентскиот пленум, при што инетрвенираше ЕБР. Тие насилно ги извлекоа студентите од ходникот и кутиите беа внесени во СПУКМ. Тензиите сеуште се во тек, а нема информации за повредени при судирите. ЕБР со своите штитови ги избутка студентите на улица, надвор од дворот на факултетите, а тие извикуваат „срамота“, (24 Вести, 30.06.2016).
МЕДИУМСКО ЖИГОСУВАЊЕ
Што повеќе за вистинитоста? Еден куп релевантни медиуми објавуваат едно, овој напис вели нешто друго, наспроти јасните настани во текот на денот и на ноќта. Ај што тоа не било доволно, па уште пленумците се етикетираат како сдсмовци, „фарбање“ зашто власта не може да замисли млади луѓе да одат контра нејзините политики. Ова е пример за медиумско жигосување за на јавноста да ѝ се претстави дека, демек, станува збор за активност на опозицијата, а не на академски граѓани кои размислуваат со сопствената глава и кои сакаат ред и почитување на правилата.
Уште, па, се забележува за некаква штета – откорната рачка од врата, како тоа да е поважно од насилното грабање на изборниот процес од студентите и негово трансферирање во рацете на, како што пренесоа дел од телевизиите, партиски активисти.
Но, конечно дека нешто навистина многу мириса на нефер и недемократски студенстки избори дојде од самиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, кој процесот го карактеризираше како скандалозен, термин што слободно може да се употреби и за ова крајно манипулативно четиво – лажливец, на кое би му позавидел и Минхаузен.
„Некои од луѓето може да ги лажеш цело време, а сите можеш да ги лажеш извесно време, но не можеш сите луѓе постојано да ги лажеш“ – Абрахам Линколн.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови