Извитоперена порака
Објавено во Рецензии
on 15 - 03 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[“Хојт Ли до Катица Јанева: не ја партизираj работата на обвинителството”]
Написот што е предмет на оваа рецензија претставува класичен пример за невистина и за манипулација. Имено, во текстот е изваден дел од официјално соопштение, кој е извртен, намерно погрешно преведен, така што сосема му е сменета суштината.
Линк на оригиналниот напис: “Хојт Ли до Катица Јанева: не ја партизираj работата на обвинителството”
Датум и време на објавување: 09.03.2016
Датум на рецензирање: 14.03.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
НЕВИСТИНА И МАНИПУЛАЦИЈА
Во самиот наслов и на почетокот од текстот се нагласува дека високиот американски функционер Хојт Ји, при посетата на Специјалното обвинителство и средбата со Катица Јанева ѝ упатил остра порака на специјалната обвинителка, да не ја партизира работата на обвинителството.
„Острата порака од заменик-помошникот државен секретар на САД Хојт Ли за работата на специјалното јавно обвнителство и Катица Јанева е наведена во официјалната изјава по средбите во Македонија минатата недела, а која е објавена на официјалната страна на американската амбасада во Скопје.“
Притоа, посочен е и линк од официјалната веб-страница на американската амбасада, каде е објавено оригиналното соопштение.
Подолу во написот се воочува вистинската манипулација:
„Го повикуваме специјалното јавно обвинителство и обвинителката да не ја партизира работата на обвинителството – that her work be as non-political, as independent, as possible – стои во официјалната изјава на заменик-помошникот државен секретар на САД Хојт Ли за работата на специјалното јавно обвнителство и Катица Јанева е наведена во официјалната изјава по средбите во Македонија минатата недела, а која е објавена на официјалната страна на американската амбасада во Скопје.“
Тука повторно е ставен линкот од официјалната веб-страница на амбасадата, а пренесен е и делот од соопштението што во овој напис е извртено.
Еве го оригинално, делот посветен на специјалното јавно обвинителство.
„Lastly, on Przino, let me just mention… One other aspect we are following of course is the work of the Special Prosecutor, whose work we believe is quite important in closing this chapter, this difficult chapter in Macedonian political history. We think it is very important for all the institutions, the government, and the parties to cooperate with the work of the Special Prosecutor, that her work be as non-political, as independent, as possible. “
Секој што разбира англиски и ги следел претходните пораки на Хојт Ји, веднаш ќе сфати дека пренесеното во текстот нема ништо со оригиналот. Односно, овој дел од соопштението, намерно е неточно преведен, за да се изманипулира јавноста дека Хојт Ји ѝ упатил остра порака на Јанева да не ја партизира работата на специјалното обвинителство.
Но, ваквата порака, всушност, не е упатена до Јанева, туку до „сите институции, Владата и до партиите“.
Пораката гласи:
„Последно, во врска со Пржино, дозволете ми да спомнам… Еден друг аспект кој го следиме, секако, е работата на специјалниот обвинител, чија работа, веруваме дека е прилично важна во затворањето на ова поглавје, ова тешко поглавје во македонската политичка историја. Сметаме дека е многу важно за сите институции, Владата и за партиите да соработуваат со специјалната обвинителка, за нејзината работа да биде што е можно повеќе неполитичка и независна.“
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови