Извештајот на МКГ низ диоптријата на власта
Објавено во Рецензии
on 9 - 05 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: ИЦГ: МАКЕДОНИЈА ЈА ОЧЕКУВА СТРАШНА ВОЈНА, СОСТОЈБАТА СЕ ВЛОШУВА, А СЕ ПЛАНИРА И…]
Имаме невистина, манипулација, таблоидство, хиперболизација… Класично спин-четиво напишано во хаос-стил.
Линк до оригиналниот напис: ИЦГ: МАКЕДОНИЈА ЈА ОЧЕКУВА СТРАШНА ВОЈНА, СОСТОЈБАТА СЕ ВЛОШУВА, А СЕ ПЛАНИРА И…
Датум и време на објавување: 03.05.2016 20:08
Датум на рецензирање: 08.05.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
СПИН, МАНИПУЛАЦИЈА, НЕВИСТИНА
Точно е дека Меѓународната кризна група ја позиционираше Македонија меѓу држави со влошена состојба. Точно е дека земјава се најде во друштво со држави како Авганистан, Сирија, Ирак, Гамбија… Тука некаде завршува вистинитоста на четивото за потоа да почнат да се редат манипулациите од типот:
„ИЦГ: Македонија ја очекува страшна војна, состојбата се влошува, а се планира и…“
„Главна причина за ставањето на Македонија на оваа неславна листа е политичката криза која кулминираше со најавата за бојкот на изборите од страна на опозицијата и аболицијата од страна на претседателот Иванов, а е резултат на вештачки создадената криза од страна на СДСМ и соросоидните ботови, спонзорирани од странски фондови.“
Невистина, невистина, невистина…
Заради коректност ќе ги пренесеме во целост наодите на МКГ за Македонија изнесени во нејзиниот најнов извештај (crisis watch):
„Политичката криза се влоши, што доведе до широко распространети домашни и критики однадвор и до протести откако опозициските социјалдемократи на 6 април објавија дека ќе ги бојкотираат предвремените избори закажани за 5 јуни поради неуспехот да се спроведат медиумските реформи и прочистување на избирачкиот список; и откако претседателот Иванов на 12 април ги помилува сите политичари кои се соочуваат со кривични истраги, со што се поткопа работата на Специјалното обвинителството кое има задача да ги истражи наводите за нелегално прислушување. На 13 април демонстранти ја демолираа канцеларијата на претседателот. Претседателот на парламентот на 14 април го потврди датумот за избори – 5 јуни, со што ги разгоре протестите кои се одржаа и во места надвор од главниот град. ЕУ ја откажа средбата за кризата планирана за 22 април, откако своето учество опозицијата го услови со одложување на изборите и со повлекување на аболицијата доенсена од претседателот. Специјалната обвинителка Катица Јанева на 14 април рече дека нејзиниот тим ќе продолжи со работата, почнувајќи нова истрага. Сведок на СЈО беше пронајден застрелан во својот дом на 27 април. Во својот годишен извештај американската невладина организација „Фридом хаус“ ги опиша македонските медиуми како неслободни.“
Значи, кризната група никаде не споменува војна, уште помалку страшна војна, не зборува дека „кризата вештачки ја создале СДСМ и соросоидите“. Поточно, аналитичарите на МКГ прават пресек и сублимација на настаните што довеле до заострување на ситуацијата, поради што тие ја ставија Македонија во категоријата држави со влошена состојба.
Тоа што некому му се видело „згодно“ да става свои мислења и ставови во устата на кризна група и тоа да го претставува како реална и легитимна вест е друга работа.
Оттука, јасно е дека основната водилка на написот е спинот. Затоа ќе кажеме дека некој сакал наодите на МКГ дополнително да ги нашминка, најверојатно, по зададени упатства кои наликуваат на партиски директиви.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
многу малку
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови