Измисли си изјава и направи си вест!
Објавено во Рецензии
on 10 - 11 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Сугарески до Заев: Нè изневеривте и нè оставивте на цедило!]
Текстот што е предмет на оваа рецензија е едностран и неоснован бидејќи нема никаков извор и никаков доказ што би го поткрепил напишаното. Во овој напис имаме една непотврдена изјава, која има цел да ги спинува нештата и да ги убеди читателите дека во СДСМ имало некаков раскол и расправии поради пратеничките листи.
Линк до оригиналниот напис: Сугарески до Заев: Нè изневеривте и нè оставивте на цедило!
Датум и време на објавување: 06.11.2016
Датум на рецензирање: 10.11.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
НАВОДНА ИЗЈАВА
Во првата реченица од текстот му се сугерира на читателот дека поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Горан Сугарески, отворено изразувал незадоволство од составот на пратеничките листи на опозицијата, имајќи предвид дека неговото име не се најде на нив.
„Досегашниот пратеник на СДСМ Горан Сугарески не го сокрива револтот по објавувањето на пратеничките листи на Зоран Заев“.
Подолу се пренесува наводна изјава на Сугарески, односно што тој му кажал на Заев, без притоа да се наведе изворот на ваквата информација.
„Претседателе, не изневеривте. Ги оставивте на цедило оние кои во 2014 ги убедуваа останатите да опстојат во битката и да не се вратат во Собранието како Грчева, Тупузовска и Буралиева. И самите знаете дека јас, Маријанчо Николов и Лидија Димова со денови молевме двајца колеги да не се вратат во Собранието. И сега тие колеги се уште се на листата а ние сме надвор. Срамота! – му се обратил Сугарески на Заев“.
Дали ова било така или не, останува непознато.
Не е побаран став ниту од Сугарески, иако тој јасно кажа дека концептот на листите е добар. Негова изјава имаше пренесено во други медиуми, каде на прашањето зошто не е на листите, тој им вели на новинарите да се обратат кај раководството на партијата. Но, ваквата негова изјава случајно или намерно, ја нема во овој напис.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови