verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Избор од новинарските лекции во 2016 година

on 4 - 01 - 2017       

 

 

Колку е скапоцен угледот на јавните личности? (30.12.2016)

Изјавата на турската амбасадорка Тулин Еркал Кара, која во нејзината изјава искажа цврсто уверување дека лицето ќе ја добие заслужената казна, и укажувањата на обвинителството како да одлучува се загражувачки, од причина што ваквите изјави доаѓаат од високи преставници на друга држава.

 

Работата на ад хок телото: Предизборeн надзор на медиумите во време на поствистината (26.12.2016) – Новинарска лекција

Претворањето на одредени телевизии само во линк на една партиска предизборна програма даде контрарезултати. Не е добро да се претерува ниту во слаткарница, а ни на малиот екран. Евентуалните казни за таквите телевизии од страна на судот, а по предлог на ад хок телото за надзор, беа пресметан ризик.

 

Што по изборите – медиумите во реформските приоритети (12.12.2016)

По изборите, меѓународната заедница очекува остварување на реформските приоритети. Од Европската комисија посочија дека успешните избори се само првиот чекор во пржинскиот процес, а се претпоставува дека од победниците на 11 декември ќе се очекува конкретен план и стратегија за остварување на приоритетите во даден временски период. Медиумите и слободата на изразувањето добија посебен сегмент во списокот на реформските приоритети, дефинирани во јуни 2015 година, како производ на извештајот на експертската група на чело со Рајнхард Прибе. Што ги чека медиумите по гласањето и пребројувањето на гласовите и дали нешто е остварено по повеќе од една година од дефинирањето на обврските?

 

Местото на настанот е појдовна точка на веста, а не редакциската канцеларија (29.11.2016)

Проверка на фактите на местото на настанот или кај директно засегнатите лица во веста, е правило без кое нема професионално новинарство. За жал, бројни се примерите од скојдневиетo, каде гледаме дека новинарите и редакциите не го применуваат овој професионален стандард.

 

Истражувачките стории се најпотиснати во општества со тоталитарни манири и со заспана, летаргична јавност (10.11.2016)

Неколкуте мали новинарски истражувачки енклави го белат образот на актуелното македонско новинарство. Тие се заслужните што медиумската публика, во денешнава македонска иформативна валканост, сè повеќе разбира зошто истражувачкото новинарство е толку вредно.  

 

(ПОСТХУМНО – Владо Ѓорчев) Истражувачките новинари не веруваат никому освен себеси (08.11.2016)

Што му значи на некој човек ако кажете 500 милиони евра? Кој има толку пари? Никогаш читателот толку пари не фатил в рака, затоа и му се далечни. Но, кога тоа ќе го сведете на работи кои му се блиски, полесно ќе го прифати податокот и ќе разбере за колкава сума се работи.

 

(ПОСТХУМНО – Владо Ѓорчев) Стеван Дојчиновиќ: Страшно е кога државата ја користи тајната полиција да ги следи новинарите (01.11.2016)

Клучно е кога некој поединец ја сака државата и си ја работи работата. Тоа е посилно отколку кога државата ќе ги уапси поранешните министри. Битни се поединците кои се јаки, кои ќе истапат баш кога е време. После, доцна е за сè. Да се апси мртов коњ, нема ефект.

 

Анкетите како доказ или како алатка за манипулација? (25.10.2016)

Резултатите од анкетата се дополнителен извор за новинарот, а не една неспорна вистина. Тој овие резултати треба да ги третира како што третира секој друг факт или податок. Како што проценува новинарот дали некој извор е сигурен или не, така треба да биде проценет и институтот или организацијата што ја реализира анкетата.

 

Конфронтирачко интервју не е исто што и агресивно интервју (16.10.2016)

Стилот на интервјуто е прашање на лична определба и на брендирање на кариерата на новинарот. Сè додека новинарот на ја продал сопствената душа за да прави нарачани, однапред подготвени интервјуа, прашањето на стилот е небитно.

 

МРТ со нова уредничка, но стариот тим повторно во служба на власта за политичка пресметка (22.09.2016)

Суров материјал од интервјуто на јавниот сервис со специјалната обвинителка Катица Јанева беше објавен деновиве во провладините портали, што предизвика огромен скандал и реакција кај дел од новинарската бранша. Ваквата снимка, сметаат многумина, беше намерно пуштена во јавност, за да се оцрни Јанева, но и да се удри по новата уредничка на МРТ, претставувајќи ја како непрофесионална и некадарна за функцијата.

 

Медиумските колоси на Балканот и нивните идеолошки опашки (19.09.2016)

Телевизијата Н1 дојде како приватна компанија на поранешното југословенско тло, а „Спутник“ како државна компанија, чие седиште си остана во Москва. На првата ѝ беа потребни години за да добие дозволи за работа и постојано е на мета на власта, а втората едноставно „атерира“. Нивната позиција може да се мери врз основа на идеолошката нерамнотежа во општествата каде тие дејствуваат и таа нема врска со тоа што евроатланските ориентации се во предност кај луѓето со менувачот в рака.

 

Експлицитните содржини во медиумите и нивниот ефект врз децата (07.09.2016)

Моралните, верските и одредбите создадени од државата, повикуваат на контрола и на менаџирање на експлицитните и вознемирувачки содржини. Што повеќе се зголемува свеста за општата медиумска култура кај новите генерации, толку повеќе ќе се намали количеството на овие содржини во медиумите.

 

Измислување крв по улици од кафуле на Ленинова (20.08.2016)

Иако нападите врз американското посредништво во нашите избори од страна на протагонистите на владиниот интерес сега не се упатуваат директно кон Вашингтон, се засилуваат нападите врз фондациите и врз невладиниот сектор како „експоненти на ЦИА“. Дури, за да се омекне впечатокот и самите Американци, во овие написи, се бранат од Фондацијата „Отворено општество“ Македонија, на пример, како небаре таа да сака ним да им наштети. Семоќните јенкиевски институции, се чини, не можат да го видат она што е забележано овде кај нас, поточно од некое кафуле на Ленинова.

 

Како да се известува за природни катастрофи, а да не се прави медиумски профит (16.08.2016)

Новинарите треба да останат докрај професионални и на висината на задачата кога известуваат за природни катастрофи, да го знаат своето место и местото на сите други за време на стихиите и секогаш да ги предвидуваат нивните идни чекори, во согласност со развојот на настаните на теренот.
Телевизиско известување: Разбуди ме со песна, после ќе мислиме на поплавите (08.08.2016)

Навремено објавување на информацијата околу случувањата во текот на елементарна непогода подразбира понуда на информации кои во моментот им се од голема важност на засегнатите – оние кои се погодени од елементарната непогода и оние кои се грижат за нив. Доцнењето и ненавременото известување ја намалува корисноста на информациите и го става медиумот во улога на воајер наместо на заштитник на јавниот интерес.
Медиуми, а да помислевте на детето, а не на кликнувањата! (29.07.2016)

И независно кој прв почна да ја расплетува чувствителната приказна, срамно е што притоа многумина во медиумите заборавија на болката на детето. Тоа, се разбира, е неодговорно и недозволиво за етички исправното новинарство.

 

Повредена приватност: Сензационализам од лични трагедии (25.07.2016)

Во време кога речиси сите информации се поставени на интернет, особено внимание треба да се посвети на видот и на обемот на објавените податоци за жртвите на несреќи, непогоди или болести, особено заради нивните семејства, кои со секое ново читање на овие вести повторно ги преживуваат несреќите.

 

Медиумите во Потемкин-демократијата (31.05.2016)

Демократските капацитети на поранешниот премиер не се истите како оние на Република Македонија и на еден сериозен дел од граѓаните на Македонија кои ја бојат „Шарената револуција“. Неосновано е да се тврди дека Македонија не може да биде модерна демократска и граѓанска држава.

 

Мижи од патриотизам и плаши се од Луцифер (10.05.2016)

Едностраните гледишта, елементите на политичка пристрасност и слабо аргументираните тврдења што оставаат впечаток на обид за политички напад, немаат место во каква било новинарска објава, особено не во колумната, која се смета за повисока форма на новинарски израз. Сивата зона на слободата на говор е најевидентна во колумните, зашто од авторот се очекува солидна повеќестрана аргументација, а не премолчено правдање на владејачката политичка опција со дискредитација на нејзините противници.

 

Невидливи автори: Фантомски текстови од страв или од срам?! (07.04.2016)

Новинарот го гради своето име како „бренд“ од кој живее. Но, на оние новинари, кои доброволно се решиле да бидат „невидливи“, тоа не им е потребно.

 

Медиуми – „слуги“ на партиите (23.03.2016)

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите (Кодекс на новинарите).