verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Избирачкиот список што бил чист, сè уште се прочистува

on 12 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #119 - 'Избирачкиот список е чист, Заев со сите сили се обидува да ги блокира изборите I Kurir_mk' - kurir_mk_makedonija_polit

[Рецензија: Избирачкиот список е чист, Заев со сите сили се обидува да ги блокира изборите]

Текстот што го рецензираме го разобличува целиот процес и механизми според кој функционират медиумите блиски до власта, кои, диригирани од еден центар, оркестирирано ги убедуваат граѓаните дека избирачкиот список е чист и дека на избори може да се оди уште „утре“. Ама, ете, опозицијата „која и така ќе ги загуби“ овие избори, „влече рачна кочница“.
Уште во самиот наслов, „Избирачкиот список е чист, Заев со сите сили се обидува да ги блокира изборите“, е напишана невистина затоа што и самата ДИК повторува дека повеќе од половина сомнителни гласачи пак ќе се проверуват.

FireShot Screen Capture #117 - 'Избирачкиот список е чист, Заев со сите сили се обидува да ги блокира изборите I Kurir_mk' - kurir_mk_makedonija_politЛинк до оригиналниот напис: Избирачкиот список е чист, Заев со сите сили се обидува да ги блокира изборите

Датум и време на објавување: 10.04.2016 15:20

Датум на рецензирање: 11.04.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

Содржински, текстот е нејасен и конфузен и за тие читатели што континуирано ги следат проблемите што се појавија со избирачкиот список. Во централната улога е ставен лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој овојпат е прикажан како „наредбодавец“,  кој му наредува на министерот за внатешни работи да прави диверзии и да ја кочи работата во ДИК. Извор за ваква констатација е „рекла-кажала“, а таков извор никогаш не оперира со факти.

„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку Оливер Спасовски повторно се обидува да ја кочи работата на ДИК благодарение на договорот меѓу партиите, пропратните писма од МВР до ДИК да одат со потпис од техничкиот министер и двајцата заменици.“

МИНИМИЗИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ

Понатаму, текстот како да е насила правен во вид на „новинарски производ“ во кој ништо не е јасно, освен обидот да се минимизира проблемот со избирачкиот список, во кој „одвај десетина имиња се спорни“.

„Имено, направена е проверка врз база на 21 критериум од ДИК, каде е откриено само едно лице со исто име, презиме и датум на раѓање за кое немало неодамнешни записи.
Како што дознаваме, направена е проверка и на 47 женски лица кои имале исто име, татково име и датум на раѓање. Направена е проверка на 35 лица кои имале исто име и презиме, датум на раѓање и само иста прва буква од татковото име.“

Како што непотпишаниот автор и сам наведува, ова се податоци од „како што дознаваме“. А да се сакало, можеле да се објават и валидните податоци од референтен извор како што е ДИК, која бара решение за повеќе од 40.000 спорни гласачи, што не биле најдени дома. Ако се спореди она што е објавено врз база на „како што дознаваме“  и фактите од ДИК, граѓаните сами ќе видат дека има огромна разлика.

Завршницата на текстот е стереотипна и веќе класична дисквалификација на целата опозиција и на нејзините први луѓе, надградена и проширена со нови имиња. Без повикување на какви било извори и без факти, на крајот е „вклучен народот“,  кој овојпат е многу револтиран од постапките што ги прави СДСМ заради стравот  од изборите кои ќе ги изгуби.

„Спроведувањето на теренските проверки резултираше со уште поголем револт меѓу граѓаните кои заради стравот на СДСМ од избори, требаше во сопствениот дом и во сопствената држава да се правдаат дека не се фантоми.“

Илузорно е ваков квазиновинарски производ да се набљудува и низ призма на основните начела на Кодексот на новинарите на Македонија, бидејќи би требало да се цитираат неколку од 16-те члена на Кодексот, кои не се испочитувани.

Но, затоа, заслужува да се цитираат два од принципите на однесување, кои се еден вид преамбула на Кодексот:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

и

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови