Иронија и „сиромашна“ пропаганда наместо новинарство
Објавено во Рецензии
on 20 - 10 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис: „Сиромашна“ коалиција, немаат пари ни за кафе!
Откако лидерите на трите политички партии, Зијадин Села од ДР-ДПА, Гзим Острени од Унитети и Весел Мемеди од НДП, денеска го потпишаа договорот за соработка и за прва коалиција на Албанците за парламентарните избори закажани за 11 декември, тоа што паѓа в очи е празната маса на лидерите и, како што се гледа, тие ја почнуваат предизборната кампања со сиромаштија, известува „Тетова сот“.
На сликата на порталот „Тетова сот“ се гледа јасно дека тие својата коалиција и својата соработка ја почнуваат без бериќет.
Како што се гледа на фотографијата, се претпоставува дека овие чекаат да станат дел од новат влада и да ја наполнат масата со месо.
[Рецензија: „Сиромашна“ коалиција, немаат пари ни за кафе!]
Информацијата треба да се направи вест, а не за неа да се даде едно погрешно толкување. Новинарот има право да иронизира во содржинскиот дел на веста, но не и да банализира толкувајќи фотографии и да го дефокусира вниманието од главното прашање што се третира во веста.
Содржината што ја рецензираме не нè информира за настанот за кој се собрале три политички субјекти, туку за тоа што се случило „пост фестум“ или, пак, за тоа што имало или немало на нивната маса. Ова не само што не претставува вест, туку кога станува збор за една празна маса, не е ни интересно за јавноста.
„Откако лидерите на трите политички партии, Зијадин Села од ДР-ДПА, Гзим Острени од Унитети и Весел Мемеди од НДП, денеска го потпишаа договорот за соработка и за прва коалиција на Албанците за парламентарните избори закажани за 11 декември, тоа што паѓа в очи е празната маса на лидерите и, како што се гледа, тие ја почнуваат предизборната кампања со сиромаштија, известува „Тетова сот“.
Линк до оригиналниот напис: „Сиромашна“ коалиција, немаат пари ни за кафе!”
Датум и време на објавување: 19.10.2016
Датум на рецензирање: 19.10.2016
Рецензент: Адриан Керими
„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарите“,
„Известувањето за политичките процеси треба да биде непристрасно и балансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“ – Етички кодекс на новинарите.
„На сликата на порталот „Тетова сот“ се гледа јасно дека тие својата коалиција и својата соработка ја почнуваат без бериќет. Како што се гледа на фотографијата, се претпоставува дека овие чекаат да станат дел од новат влада и да ја наполнат масата со месо“.
Во текстот, освен коментарите, очигледна е и политичката пристрасност. Уште од првите редови, па и од самиот тенденциозен наслов, на читателот му е јасно дека во заднина стои еден неоснован напад и несолена иронија, која авторот ја искажал во неколку редови и што за цел ја има идејата јавноста да не се информира за суштината на настанот, туку да се дефокусира вниманието кон неважни работи.
Тенденциозната цел на авторот и намерата да се дефокусира јавноста од актуелните прашања се докажуваат и со лошото составување на веста, односно лошиот придонес од професионален аспект. Во текстот нема цитати, извори, ставови и други слики од настанот, иако авторот бил на местото на настанот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови